ТОРОНИ

Вила Ilaktida (64)
Blue Sea Basil Aparthotel (53)

Торони е мало место помеѓу Неос Мармарас и Порто Коуфо, на западниот брег на Ситонија, оддалечено околу 130 км од Солун. Заштитен знак му е преубавата плажа долга 2 км која е наградена со Сино Знаме и која секој турист го остава без здив. Тука се наоѓаат неколку таверни во кои можете да ги вкусите специјалитетите на грчката национална кујна.  За оние кои сакаат да ја истражуваат околината,околу Торони се наоѓаат мноштво заливи со прекрасни мали плажи,како и историски знаменитости кои ги оживуваат далечните времиња. Само да споменеме дека Торони го носи името на жената на Посејдоновиот син Протеј. Торони претставува мирно место за уживање и релаксација. Денешните жители се ориентирани кон туризам, риболов и земјоделство. Плажата е фантастична, чиста, со крупни зрна песок. Поставена е југозападно, а она што е највпечатливо за ова место е  прекрасниот залез на сонцето во доцните вечерни часови.