АВИОНСКИ АРАНЖМАНИ

ХОТЕЛИ

ВАЖНО: ЗА КОМПЛЕТНА ПОНУДА ВЕ МОЛИМЕ КОНТАКТИРАЈТЕ НĖ.

• АНТАЛИЈА

Луксуз, раскош, беспрекорно испланирани "All Inclusive“ или "Ultra All Inclusive" концепти во одлични хотелски комплекси со разновидни содржини, изразени природни контрасти, мистиката на Ориентот…

Ова е дел од адутите на Турската Ривиера.
Со години наназад Турција важи за една дестинација со можеби најобемен избор на квалитетни хотели и традиционална одлична услуга, поради што со право е меѓу најбараните и најатрактивните дестинации во регионот.

Доколку сте во онаа категорија на туристи кои преферираат хотели со разновидни и богати содржини, сместени на долги, песочни плажи – Ви препорачуваме летување во Аланија, Лара, Сиде, Белек или Кемер

Изборот на хотели е огромен а цените и условите за резервација најдобри!


 • БОДРУМ

Бодрум – елегантен, луксузен и модерен приморски туристички центар, а истовремено град со долга историја и традиција. Лоциран на истоимениот полуостров, Бодрум е вистински бисер на турската егејска обала која се карактеризира со пријатна мека клима, кристално море, рајски плажи во заливи, брдовит зелен брег со голем број на прекрасни хотели по сечиј вкус. А на забавата и ноќниот живот овде им нема крај. Побарајте ја Вашата понуда, со или без авионски превоз.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

- Aвионски чартер лет на релација Скопје – Анталија/Бодрум – Скопје.
- Аеродромски такси
- Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж од 20 кг. по лице
- Престој во избраниот хотел и сместување во избраниот термин, тип на соба, на база на избраната услуга.
- Групен трансфер на релација аеродром – хотел – аеродром
- Локална асистенција и услуги на претставник на тур-оператор или партнер агенција.
- Здравствено патничко осигурување


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

- Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

 

КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ

- Датум на важност на пасош: минимум 6 месеци од датумот на враќање

 

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 1 Евро = 62 ден.

- За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), додека преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 14 дена пред патување.