VILA CHROUSO PALACE 5 I 10 nokji (17)

 

На само осум километри подалеку од Пефкохори, ќе го најдете најубавото место за вистински одмор...Името го добило според зборот paliuri, еден вид на грмушка што расте во овој регион и која луѓето ја посадувале за да си ги одбележат своите куќи. Селото е со типично грчка архитектура-традиционални камени куќи, тесни поплочени улици...населено е со околу 800 жители кои се занимаваат со одгледување маслинки и пчеларство, па можеби некаде ова место ќе го сретнете и под името селото на пчеларите. Селото има неколку маркети, месара, рибара, таверни и ресторани. На само 1200 метри од селото се наоѓа плажата Chrouso Beach која всушност се состои од три плажи: HorusoKsenija и Alonaki. Плитка вода, природна заштита од сонце, златен песок, неколку барови на плажата со одлична услуга, удобни лежалки и задолжително добра музика. Тоа е Паљури, местото каде во текот на едно деноноќие се собираат туристи од најблиските места преку ден да уживаат во беспрекорната плажа, а навечер да бидат дел од лудата забава. Тука, во оваа убавина, Ви ја предлагаме вилата Chrouso Palace градена од камен, опкружена со борова шума и со најубавите цветни градини.

 

Вилата „Chrouso Palace“ се наоѓа на 800 метри од плажата. Гарантирано најубавото апартманско сместување што досега сме го понудиле на нашите туристи: собите се чистат секој ден, постелнината и крпите се менуваат после секој трети ден, опремени кујни, пространи тераси со незаменлив поглед на преубавото зеленило, голем двор со издвоен дел за подготвување скара, посебен дел со играчки за децата, масички поставени под осветлените палми каде можете да уживате во интимниот амбиент, паркинг за возила. Сместувачките капацитети се наоѓаат на приземје, затоплувањето на водата е комбинирано-со бојлер и со сончеви колектори, а безжичен интернет има во дворот на вилата. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Вилата е наменета за оние кои посакуваат мирен одмор...во непосредна близина се наоѓа хотелот Chrousso Vilage 4* кој во својот состав има продавница од каде можете да набавите најосновни прехранбени продукти. За останатите артикли имате одлично снабдени продавници во селото Паљури, а доколку Ви недостига вечерната гужва, на неколку километри се наоѓаат Пефкохори, Ханиоти и Полихроно.

 

Напомена:  Во четирикреветните апартмани можат да се сместат максимално 4 возрасни лица и едно дете до 3 години. 

 

-20% попуст за целосна уплата до 01.12.2018 

 

- Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)

Апартман бр.607

Четирикреветен апартман на приземје (во ценовникот апартманот е назначен како 1/4 апартман). Апартманот има две простории.

Првата е соба за дневен престој во која има два единечни кревети со нормална димензија, телевизор и клима уред. Во оваа просторија има трепезариска маса и тука се сместени елементите од кујната (електрично решо со две ринглиаспираторфрижидер со мала комораосновни садови за готвење и јадење)Од оваа соба се продолжува кон мал ходник во кој има поставено гардеробер и влез во купатилото кое е со нормална големина.Втората соба во апартманот е спална, издвоена од собата за дневен престој со врата. Тука има еден дупли кревет со нормална димензија и прозорец. Апартманот има сопствена тераса опремена со маса и столчиња и преубав поглед кон дворот на вилата.

 

Апартман бр.609

Четирикреветен апартман на приземје (во ценовникот апартманот е назначен како 1/4 апартман). Апартманот има две простории.

Првата е соба за дневен престој во која има два единечни кревети со нормална димензија, телевизор и клима уред. Во оваа просторија има трепезариска маса и тука се сместени елементите од кујната (електрично решо со две ринглиаспираторфрижидер со мала комораосновни садови за готвење и јадење)Од оваа соба се продолжува кон мал ходник во кој има поставено гардеробер и влез во купатилото кое е со нормална големина. Втората соба во апартманот е спална, издвоена од собата за дневен престој со врата. Тука има два единечни кревети со нормална димензија и прозорец. Апартманот има сопствена тераса опремена со маса и столчиња и преубав поглед кон дворот на вилата.

 

Апартман бр.610

Четирикреветен апартман на приземје (во ценовникот апартманот е назначен како 1/4 апартман). Апартманот има две простории.

Првата е соба за дневен престој во која има два единечни кревети со нормална димензија, телевизор и клима уред. Во оваа просторија има трепезариска маса и тука се сместени елементите од кујната (електрично решо со две ринглиаспираторфрижидер со мала комораосновни садови за готвење и јадење)Од оваа соба се продолжува кон мал ходник во кој има поставено гардеробер и влез во купатилото кое е со нормална големина.Втората соба во апартманот е спална, издвоена од собата за дневен престој со врата. Тука има два единечни кревети со нормална димензија и прозорец. Апартманот има сопствена тераса опремена со маса и столчиња и преубав поглед кон дворот на вилата.

 

Напомени и услови:

Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 или 7 ноќевања без вклучен превоз 

Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети   

Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време

При сместувањето влегувате во чисти соби , но за време на престојот сами се грижите за одржувањето на хигиената.По завршувањето на вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманотво пристојна (чиста) состојба.

  Користењето на клима уредот е вклучено во цената. Сопственикот на вилата има право да реагира и да ја ускрати оваа услугадоколку го оставате апаратот да работи во времето додека сте на плажа или надвор од апартманот.

Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апратманот ја надоместува штетата на сопственикотна вилата на лице место.

Организаторот на патувањето го зарджува правото по пат на LAST MINUTE понуда да ги објави и продаде останатите слободни капацитетеи во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои предходно го уплатиле својот аранжман немаат право на надомест на средства но има разлика во цена.

Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!

Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Паљури Цена на повратен билет – 35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра