• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ИСТАНБУЛ 1 (79)

 

06.09.-09.08.2019 – 2bb

 

95 ЕУР ( 5.890,00 денари ) ЕКСТРА ЦЕНА за плаќање најмалку 30 дена пред терминот на тргнување

1 ДЕН СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ

Состанок на групата спроти хотелот VIP во 16.00 ч.. Поаѓање за Истанбул во 16:30. Се патува преку граничниот премин Богородица и Грција. Ноќно возење со попатни паузи.

 
2 ДЕН ИСТАНБУЛ
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Панорамско разгледување на градот со автобус и локален водич: Капали чаршија,Бејазит-најстариот универзитет, Лалели,  Аксарај, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотел (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес),  Таксим, Операта, стадионот на  ФК Бешикташ, Долма Бахче Сарајот. Кратка пауза на плоштадот Таксим и потоа се сместуваме во хотел. Слободно попладне.  Ноќевање.


3 ДЕН ВИЗАНТИСКИ и СУЛТАНСКИ   ИСТАНБУЛ
Појадок. Слободен претпладне. Околу 11 часот факултативен излет кој ве води во славното и бурно минато на Византиските Императори и Османлиското царство: Прво ќе ја разгледаме познатата Аја Софија, ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамија, Султанахмед плоштадот, Византискиот Хиподром, палатата на Ибраим Паша, Амамот на Хурем Султан. Ќе влеземе во најпознатата палата во светот- Топ Капи  која ќе не фасцинира со своето богатсво и големина и секако ќе влеземе во забранатата зона со векови – Султанскиот Харем – со локален водич. Ве водиме и во Капали чаршија на шопинг…  Враќање во хотел. Вечерта можност за факултативно крстарење или Istanbul night tour.  Ноќевање.


4 ДЕН ИСТАНБУЛ
Појадок. Одјавување од хотел. Ве водиме во најголемата султанска палата Долма Бахче Сарајот , која ќе ве воодушеви со својата елеганција, отменост, богатство. Седиште на последните Султани и на Кемал Ататурк, а потоа заминуваме на шоппинг во некој од шопинг центрите во Истанбул. По шопингот тргнуваме за МКД.  Се патува преку Грција, ноќно возење со попатни паузи.


5 ДЕН СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во утринските часови.


ЦЕНАТА  ВКЛУЧУВА:

Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Истанбул – Скопје

2 НП во хотел со 3*

Туристички пратител на програмата

Организација и реализација на програмата


ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

·         Задолжително патничко и здравствено осигурување 

·         Факултативни излети и посети

1.1.Панорамски разглед на градот 10 €1.2.Таксим 5 €1.3.Чамлиџа 10 €1.4.Посета на Sapphire Seyir Terasi и на Азиската страна на Истанбул со автобус и водич: 20€


Пакет 1 : 25 еур

2.1.Патријаршија 5 €2.2.Крстарење по Босфор 20 €2.3.Отомански и Византиски Истанбул  10€


     Пакет 2 : 25 еур

3.1.Аја Софија (со вклучена аудио опрема) – 19€

3.2.Топ Капи (без Харем) – 15€3.3.Харемот во Топ Капи палатата – 10€

3.4.Посета на Долма Бахче Сарај со водич и влезница 25€


      Пакет 3: 60 еур

 

Свечена вечера во национален ресторан – 30€

Аквариум 15 €

Yerebatan sarnici 10 €

Istanbul night tour 5 €


НАПОМЕНИ:
За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари