VILLA NOULAS (1)

 

Villa Noulas се наоѓа во мирниот дел од туристичкото место Потос. Навидум скромна по својата надворешност, оваа куќа за сместување на туристи, во целост ги задоволува туристичките потреби на сите кои посакуваат својот одмор да го поминат на јужниот дел од Тасос. Мирното опкружување, како и соодветната близина до сите потребни гратски содржини, продавници, кафетерии и ресторани, "Нулас" ја карактеризираат како одличен објект за престој. Во својот состав брои неколку студија и апартмани за сместување. Сите тите опремени со соодветен мебел и технички инвентар, даваат можност за комотно сместување. За гостите е обезбеден WiFi интернет, ТВ, како и клима уред со доплата. Паркирањето на возилата е можно во непосредна близина на објектот.



 

Цените се дадени за сместување по соба според табелата.
Цените се изразени во EUR за уплати во денарска противвредност (1€=62 MKD).
 

 

Цените се дадени за превоз по лице, во термини според табелата.

Цените се изразени во EUR за уплати во денарска противвредност (1€=62 MKD).


ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- За употреба на клима уред (ac*) се доплатува во објектот (каде што е достапен)
- Во STD 1/2 eco, две студија користат заедничка кујна со одвоени прибори и ладилници.

- За дополнителен кревет (exb) vo NOULAS во STD 1/2 eco и APT2B 2/2 се доплатува 5 € од ноќ.
- Доплата за туристичка такса 0,5 € - 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
- За уплата на две смени (7 + 7 ноќевања) одобруваме попуст од 10% на втората смена.
Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата)
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

 

Автобуски превоз за ТАСОС, според табелата од пакет аранжманот

Место и време на поаѓање:
Скопје      00:30 h    (паркинг спроти хотелот "Holiday Inn")
Велес       01:00 h    (бензиска пумпа, мотел Македонија)
Неготино   01:30 h    (бензиска пумпа, Макпетрол)
Удово       02:00 h     (бензиска пумпа, Макпетрол) 
Гевгелија  02:30 h     (бензиска пумпа, граничен премин Богородица)
Поаѓање од Грција: 14:00 h (локално време, 13:00 мак. време)

Превоз со конекција од следните градови (со доплата 10 € по лице)
Куманово    23:00 h *      (БП Макпетрол, автобуска станица)
Гостивар     22:00 h *      (паркинг кај Дом на култура)
Тетово        23:00 h *      (кружен тек кај Дом на култура)
Кочани       23:10 h *      (БП Макпетрол, кај Основен суд)
Штип          23:55 h *      (паркинг пред пошта)
Кичево       22:45 h *      (пред ТА Меридијан)
Струга        21:30 h *      (хотел Дрим, трафики)
Охрид         21:45 h *      (БП Лукоил, кај автобуска станица)
Ресен          22:30 h *     (спроти автобуска станица)
Битола        23:30 h *      (паркинг кај спортска сала)
Прилеп        00:15 h        (БП Лукоил)
Кавадарци   01:00 h        (паркинг кај гранична полиција)
Радовиш      00:15 h        (БП Макпетрол)
Струмица     01:00 h        (паркинг пред Тинекс)
* Превоз со конекција од градови обележани со "*" поаѓањето е ден порано од терминот на автобус.
 
ПАТНИ ИНФОРМАЦИИ (сопствен превоз)
Насока: Скопје-Limenaria,Thassos (450 km)
Скопје-Thessaloniki (E75), Thessaloniki-Kavala-Keramoti (пристаниште) (E90)
Ferryboat Keramoti-Limenas (30 min), Limenas (пристаниште)-Prinos-Limenaria
Трошоци во еден правец: (износите се променливи)
патарини MK (180 ден), брод/автомобил од 17 €, брод/патник 3,20 €

 

ПРОГРАМА НА АРАНЖМАНОТ: 
01.ден                                 СКОПЈЕ - КЕРАМОТИ - ТАСОС
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 00:10 часот. Поаѓање за Грција во 00:30 часот наутро. Ноќно возење со попатни одмори. Пристигнување во пристаништето Керамоти во утринските часови. Превоз со траект до островот Тасос. По пристигнувањето, трансфер до Лименарија или Пефкари и сместување во објектот по избор од програмата. Слободно попладне за одмор. Ноќевање.

од 02. до 07. или 09.ден            ТАСОС (Лименарија)
Денови за одмор и идивидуални активности. Престој во објект по избор од програмата, во студија, апартмани и соби на база ноќевање или полупансион. Комуникација со локалните претставници на агенцијата за евентуални факултативни излети и посети. Ноќевање.

08. или 10.ден                    ТАСОС – КЕРАМОТИ - СКОПЈЕ
Напуштање на собите до 10:00 часот. Во попладневните часови, заминување на траект. По пристигнување на пристаништето во Керамоти, патувањето продолжува кон Македонија. Возење со попатни одмори и застанувања. Пристигнување во Скопје, во вечерните часови.


ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
* Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање. Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување. 
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
* Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица. 
* Цените се објавени во Ценовник бр.1, Грција апартмани 2018, со важност до 31.01.2018 година. 
* Цените со попуст, важат со уплата од 50% од износот при резервација и доплата на аранжманот до 31.03.2018 година. 
*  Уплатениот износ од 50%, не се враќа ако патникот го откаже патувањето. 
* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги. 
* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги. 
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување.
Препорачуваме “Осигурување од ризик - отказ на аранжман“ !