VILA ANGELIKI 10 nokji (17)

 

Доколку ова лето барате волшебно место за вистински да се одморите, тогаш заминете во Каламитси, скриеното богатство на југоисточниот брег на полуостровот Ситонија. Тоа е најмалото место со најраскошната плажа...место за осамени, романтичари, уморни, заљубени...Има неколку улици, два супермаркети, неколку таверни...нема пошта, нема банка, но има душа и парче убавина подарено од Бога! Ех, Каламитси...Тука животот е безгрижен...тука со денови можете да уживате убаво стокмени во удобните лежалки без да  ви здодее непрегледната морска убавина, со часови да го препливувате сликовитиот залив до малото островче и повторно назад, по илјада пати да ја фотографирате плажата која безмалку како да е безобразно нереална. Од изгрејсонце до неговото потонување во морето цел ден сте на нежниот песок...тука заборавате на будилникот, на стресот околу дневните пазарувања...тука живеете бавно,имате доволно време да им се посветите целосно на своите најмили...да уживате со сите свои сетила... Во Каламитси имате доволно време самите за себе. Подобро место за одмор нема да најдете!

 

Во околината на Каламитси има голем број плажи, од кои Ви ги препорачуваме:  SikiaOrange BeachBanana BeachPorto Koufo… Каламитси е оддалечено 11 километри од Торони, а доколку посакате да го почувствувате ритамот на ноќниот живот во Грција, 15 километри Ве делат од Сарти.

 

Вилата „Angeliki“ (Ex Paradise)  се наоѓа на само 100 метри од една од најубавите плажи на најмалото скриено богатство на Ситонија-Каламитси. Во оваа раскошна вила располагаме со трокреветни и четирикреветни студија на прв и втор спрат со пространи тераси од кои некои имаат бочно поглед кон морето. Сите сместувачки капацитети се опремени со квалитетен мебел и кујни, телевизор, клима уред чие користење е вклучено во цената и сопствено купатило. Гостите во вилата имаат на располагање и простран двор за уживање: тука децата можат безбедно да играат, а за возрасните еден дел од просторот е опремен со дрвени маси и столчиња и простор за скара. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Вилата има сопствен паркинг .

 

Напомена:

Во сите студија дозволено е сместување на толку лица колку што има кревети. Во заеднички кревет заедно со возрасно лице може да се смести дополнително едно дете до 4 години. 

 

-20% попуст за целосна уплата до 01.12.2018

 

 

- Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)


Студио бр. B7

Пространо трокреветно студио на прв спрат кое има еден дупли кревет и еден единечен кревет со нормални димензии. Опремено е со мебел, телевизор, клима уред. Кујната е опремена со решо со две рингли,основни садови за готвење и јадење, фрижидер со мала комора, аспиратор. Вратата од терасата има комарници и ролетна.Од собата се излегува на голема правоаголна тераса опремена со пластична маса и столчиња. Доколку има потреба, терасата може преку посебна стаклена врата (која се заклучува) да биде поврзана со терасата од студиото B8што е погодно за две семејства кои заедно летуваат. Студиото има купатило со нормални димензии кое има мал прозорец. 

 

Студио бр. B8

Пространо 1/3 +1 студио на прв спрат кое има еден дупли кревет, еден единечен кревет со нормални димензии и еден помошен кревет на расклопување. Опремено е со мебел, телевизор, клима уред. Кујната е опремена со решо со две рингли, основни садови за готвење и јадење, фрижидер со мала комора, аспиратор. Вратата од терасата има комарници и ролетна.Од собата се излегува на голема правоаголна тераса опремена со пластична маса и столчиња. Доколку има потреба, терасата може преку посебна стаклена врата (која се заклучува) да биде поврзана со терасата од студиото B7, што е погодно за две семејства кои заедно летуваат. Студиото има купатило со нормални димензии кое има мал прозорец. 

 

Студио бр. B9

Пространо 1/3+1 студио на прв спрат кое има еден дупли кревет и еден единечен кревет со нормални димензии. Од единечниот кревет се извлекува уште еден дополнителен кревет со нормални димензии кој е на иста висина со нормалниот кревет и на кој може да спие и возрасно лице. Опремено е со мебел, телевизор, клима уред. Кујната е опремена со решо со две рингли,основни садови за готвење и јадење, фрижидер со мала комора, аспиратор. Вратата од терасата има комарници и ролетна. Од собата се излегува на голема полукружна тераса опремена со пластична маса и столчиња. Студиото има купатило со нормални димензии кое има мал прозорец. 

 

Студио бр. А4

Пространо трокреветно студио на втор спрат кое има еден дупли кревет и еден единечен кревет со нормални димензии. Опремено е со мебел, телевизор, клима уред. Кујната е опремена со решо со две рингли,садови за готвење и јадење, фрижидер со мала комора, аспиратор. Вратата од терасата има комарници и ролетна.Од собата се излегува на голема правоаголна тераса опремена со пластична маса и столчиња. Доколку има потреба, терасата може преку посебна стаклена врата (која се заклучува) да биде поврзана со терасата од студиото A5што е погодно за две семејства кои заедно летуваат. Студиото има купатило со нормални димензии кое има мал прозорец. 

 

Студио бр. А5

Пространо трокреветно студио на втор спрат кое има еден дупли кревет и еден единечен кревети со нормални димензии. Опремено е со мебел, телевизор, клима уред. Кујната е опремена со решо со две рингли, основни садови за готвење и јадење, фрижидер со мала комора, аспиратор. Вратата од терасата има комарници и ролетна. Од собата се излегува на голема правоаголна тераса опремена со пластична маса и столчиња. Доколку има потреба, терасата може преку посебна стаклена врата (која се заклучува) да биде поврзана со терасата од студиото A4, што е погодно за две семејства кои заедно летуваат. Студиото има купатило со нормални димензии кое има мал прозорец. 

 

Напомени и услови:

Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 или 7 ноќевања без вклучен превоз 

Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети   

Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време

При сместувањето влегувате во чисти соби , но за време на престојот сами се грижите за одржувањето на хигиената.

По завршувањето на вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманотво пристојна (чиста) состојба.

Користењето на клима уредоте вклучено во цената.

Сопственикот на вилата има право да реагира и да ја ускрати оваа услугадоколку го оставате апаратот да работи во времето додека сте на плажа или надвор од апартманот.

Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апратманот ја надоместува штетата на сопственикотна вилата на лице место. Организаторот на патувањето го зарджува правото по пат на LAST MINUTE понуда да ги објави и продаде останатите слободни капацитетеи во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.Лицата кои предходно го уплатиле својот аранжман немаат право на надомест на средства но има разлика во цена.

Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!

Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Каламитси

Цена на повратен билет – 35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра