• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

НОВА '20 - автобус

БЕЛГРАД (6)

1 ден (понеделник – 30.12.2019)

Состанок на групата во 20:30 часот. Поаѓање за Србија во 21:00 часот. Ноќно патување, со кратки попатни одмори и царински формалности. Патот води покрај Прилеп, Велес, Скопје, Врање, Лесковац, Ниш... 

 

2 ден (вторник – 31.12.2019): БЕЛГРАД

Пристигнување во Белград во утринските часови. Главниот град на Србија, сместен на местото каде силниот Дунав ја љуби дивата Сава, на граница помеѓу исток и запад, на местото каде се судирале цивилизациите, рушен до темел десетици пати, денес е центар кој го посетуваат сите љубители на гастрономија, култура и ноќен живот. Започнуваме со панорамски разглед на градот со стручен водич: Народното Собрание, Народниот Театар, црквата Св. Сава, црквата Св. Марко, Теразије, Дедиње, Мостовите на Сава, најпознатата Кнез Михајлова улица, Калемегдан – белградската тврдина... После пладне сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови, дочек на Новата Година на Плоштадот на Републиката со богата музичка програма. После полноќ враќање во хотелот. Ноќевање.

 

3 ден (среда – 01.01.2020): БЕЛГРАД – НОВИ САД

Појадок. После појадокот поаѓање за посета на Нови Сад. Разглед на градот со стручен водич: посета на Петровардинската Тврдина, улицата Дунавска, катедралата Св. Марија, Соборната Црква, плоштадот и споменикот Светозар Милетиќ, Народниот Театар. Слободно време за индивидуални активности, прошетки низ празничниот Нови Сад, кој ве опушта со една поинаква лежерна атмосфера. Во попладневните часови враќање во Белград. Кратко слободно време во хотел. Во вечерните часови  упатување кон центарот на градот. Прошетка низ центарот на Белград и посета на  Скадарлија - највпечатливата  улица во Стариот Град, позната како боемски кварт или проследување на музичка програма на Плоштадот на Републиката. Ноќевање.  

 

4 ден (четврток – 02.01.2020): БЕЛГРАД – НОВИ САД

Појадок. После појадокот одјавување од хотелот и посета на трговски центар Ушче, слободно време за шопинг, кафе... Поаѓање за Македонија во попладневните часови.

 

5 ден (петок - 03.01.2020)

Пристигнување во раните утрински часови.

 

Цена на аранжманот: 6.840,00 денари 

-            Доплата за еднокреветна соба: 30% од износот на аранжманот

 

Цената на аранжманот вклучува:

Автобуски превоз на горенаведената релација
2 ноќевања со појадок во хотел со 3 *
Разглед на Белград со стручен водич
Разглед на Нови Сад со стручен локален водич
Организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

Туристичка такса во хотелот – 1,3€ од ноќ (се плаќа во агенција)
Патничко осигурување

 

Напомена:

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.