VILA KARLOS (62)

 

КАРЛОС ВИЛА се наоѓа над главниот пат во тивкиот кварт каде што се сместени повеќе познати хотели во Пефкохори, на само 100м од маркетот Масутис и на 400м од плажа до која се стигнува преку подвозникот без да се преминува главната улица.Вилата е опкружена со прекрасен двор од зеленило и палми и идеална за вистинско уживање во топлите денови.Раполага со четворокреветни апартмани каде што има можност и за дополнително легло,спална соба со 2 кревети и во пространата кујна има уште 2 кревета.Кујната е комплетно опремена со садови, електричен мини шпорет со рерна, фрижидер.Wi-Fi со одличнен сигнал.Паркинг на самата улица пред вилата.

 

ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛАТА СЕ СО ИЗРАЧУНАТ ПОПУСТ ОД 15%

 

Плаќањето е во денарска противвредност 1 евро=62 денари

За 2 последователни смени , на втората смена следува 7% попуст

З резервациите по редовна цена се уплаќа 30% од вредноста на аранжманот , аостатокот најдоцна 15 дена пред реализација на аранжманот.

Во цената не е вклучен превозот.

ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ: 

06.00час.- СКОПЈЕ(Автобуска постројка пред Т.Ц.БИСЕР-Аеродром)-35€

Деца 2-12г.- 25€

Деца 0-1,99год-бесплатно- не користат седиште

НАПОМЕНА: 

Патниците слегуваат на најблиската локација до вилите каде може автобусот да сепаркира

Влегување во апартманите е во 14.00 часот, а последниот ден при напуштање најдоцнаво 10.00 часот

При сместување се влегува во чисти соби и за време на престојот сами се грижите захигиената

При напуштање должни сте апартманите да ги оставите во пристојно чисти

Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на лице место.

За изгубен клуч се наплаќа 5-10€ во зависност од бравата на вратата