• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ПРАГА (23)

Прага  Дрезден - Виена

 

1 ден06.12.201ПРАГА

Состанок на групата Борис Трајковски во 12:30ч. Поаѓање на автобусот во 13:00 ч. Се патува преку Србија. Ноќно возење со попатни паузи.


2 ден07.12.201ПРАГА

Пристигнување во Прага во пладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градотсо водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка,Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј.Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.


3 ден08.12.201ПРАГА - ДРЕЗДЕН

Појадок.Предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан  уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба . Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби , како остатоци од некогашното Кралство Саксонија.  Стариот дел од градот е слика на  богатото и славно минато  : Палатата Звингер ,седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики,прекрасна нео-ренесансна градба , прекрасната Готска  Богородична црква –Frauenkirche,  Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор,  Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден . Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага . . Предлагаме крстарење по Влтава а потоа вечера во традиционална пивница со забавна програма. Враќање во хотел. Ноќевање.   

 

4 ден09.12.201ПРАГА – ВИЕНА

Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF . Слободно време за шопинг. По пристигнувањето во Виена, панорамско разгледување на градот со автобус: Рингот, Oперата, Парламентот, Музејската четврт, Универзитетот, зимскиот дворец Хофбург, катедралата Св. Стефан...  Слободно време во Виена.Во вечерните часови  патувањето продолжува кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи.


ден10.12.201

Пристигнување во  пладневните часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 119 € / 7.380 ден 


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Прага  – Скопје
2 ноќевања во хотел 3* НП во Прага ( околина)
Посета на OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF
Посета на Виена
Организација и водство на програмата

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА

Задолжително патничко здравствено осигурување 
Разглед на Прага со локален водич – 10
 Факултативна посета на Дрезден со локален водич– 30
 Крстарење со брод по Влтава – 15 
 Посета на средновековна пивница со вечера и забавна програма – 35
 Влезници за музеи и локалитети
Доплата за еднокреветна соба 1550 ден

 

НАПОМЕНИ

За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
Останатите услови на патување важат според годишниот програм на т.а.Меридијан
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди сатница на поаѓање