VILA NIRIIDES (17)

 

 Niriides apartmani се луксузно опремени апартмани со преубав поглед на плажата  Karvouno од која се оддалечени околу 600 метри, додека од пешачката зона и од пристаништето се оддалечени 700 метри. Гостите имаат на располагање базен со лежалки и чадори околу базенот  и туш. Четирикреветите апартмани се наменети за сместување на четири возрасни лица. Опремени се со пространа кујна наменета за подготовка на полесни оброци (шпорет, голем фрижидер, садови за јадење, тостер), маса и столчиња. Во дневната соба во чиј состав е кујната има голем кауч на развлекување погоден за спиење на две возрасни лица и два кревети со стандардна големина. Во спалната соба има еден француски кревет. Сите апартмани имаат по два клима уреди чие користење е вклучено во цената, фен, комарници, сеф чие користење не се доплаќа, LCD TV, WiFi со слаб сигнал. Сите апартмани имаат пространи тераси со поглед на море опремени со гарнитури за седење .Чистењето на апартманите, како и менувањето на постелнината и крпите е на три дена. Објектот нема приватен паркинг, но има простор за паркирање во дворот или на улиците околу вилата Поради одредената оддалеченост на објектот од супермаркетот, доставата на производите се врши бесплатно до самата вила.

 

 

 

Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз

Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети    Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време

При сместувањето влегувате во чисти соби , но за време на престојот сами се грижите за одржувањето на хигиената.

По завршувањето на вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманотво пристојна (чиста) состојба. Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апратманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место.

Организаторот на патувањето го зарджува правото по пат на LAST MINUTE понуда да ги објави и продаде останатите слободни капацитетеи во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.

Лицата кои предходно го уплатиле својот аранжман немаат право на надомест на средства но има разлика во цена. Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари!