VILA NIKOS, ARETI I ANTHI sopstven prevoz (9)

СКАЛА

Најубавиот украс на Скала е истоимената 6 километри долгата плажа со златна боја на песокот. Островјаните ја нарекле плажата “добро чувана тајна“, поради што нејзиното опкружување и уреденост ги остава гостите без здив. Вечерното дружење на плоштадот со фонтани е збогатено со голем број на таверни и кафулиња кои нудат одлична забава.

 

Вила НИКОС

Локација: Се наоѓа во мирниот дел на Скала во непосредна близина на плоштадот и главната улица. Вилата е оддалечена околу 350м од плажата. Студио 02 одвоени кревети, кујнски дел (фрижидер, вграден шпорет со две рингли, аспиратор, прибор и садови според бројот на гостите), Wi-Fi, клима вклучена во цена ,ТВ, купатило-туш/тоалет со крпи. Тераса или балкон со гарнитура за седење.

 

Вила АРЕТИ

Локација: Атрактивна вила која се наоѓа во мирна улица, споредно од главната, која е поврзана со центарот и плажата. Оддалечена е околу 400 метри од преубавата песочна плажа Скала. Студио 02, 03: просторни, комфорни соби со два стандардни кревети или француски кревет со трет кревет, издвоена кујна ( фрижидер, вграден шпорет со две рингли, прибор и садови според бројот на гостите), клима, купатило-туш/тоалет со крпи. Тераса со гарнитура за седење. Апартман 04 го сочинуваат две спални соби со еден француски кревет и два одвоени кревети и има простор за дневен престој со кујнски дел и купатило како во студијата. Сите се на први спрат. Климата се доплаќа 6 евра на ден по студио или апартман.

 

Вила АNТHI

Се наоѓа во центарот на Скала во мирна улица на 150 метри од плажата. Модерно опремена вила, идеална локација која нуди близина до сите збиднувања во Скала, како што се песочната плажа, голем број таверни, маркети, барови. АПП 02 и АПП 03: убаво опремени апартмани, двокреветна спална соба со модерен намештај, клима со доплата, издвоена кујна ( фрижидер, вграден шпорет со две рингли, прибор и садови според бројот на гостите), тераса со гарнитура за седење, купатило-туш/тоалет со крпи. Во трепезарискиот дел се наоѓа третиот кревет.

 

 

ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА ЗА БРОЈ НА НОЌЕВАЊА ПО ЛИЦЕ, БЕЗ ПРЕВОЗ

Вила ARETI: *Возрасни плаќаат цена по студио 02, I и II дете 2-14г. гратис, во придружба на двајца возрасни во Апп 04; Вила NIKOS: *Возрасни плаќаат цена по Апп 02, I дете 2-14г. гратис, во придружба на двајца возрасни во Апп 02+помошен кревет; Вила ANTHI: *Возрасни плаќаат цена по Апп 02, I дете 2-14г. гратис, во придружба на двајца возрасни во Апп 03;

Доплати:

Вила ARETI - климата се доплаќа 5 евра на ден по студио; Вила NIKOS - климата е вклучена во цената; Вила ANTHI - климата се доплаќа 6 евра на ден по студио;

НАПОМЕНА:

Во студијата и апартманите се влегува првиот ден по 14.00 часот а се напуштаат последниот ден до 10.00 часот. Студијата и апартманите се чистаат еднаш на три дена а постелнина се менува на половина смена. Додатните односно помошните кревети во Грција се секогаш на расклопување и со помала димензија од стандардните.

Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 61.8 денари.

 

Вила ARETI:


 

Вила NIKOS:



Вила ANTHI: