• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

КАСАНДРА I крак Апартмани

НЕА КАЛИКРАТИА
НЕА ПЛАГИА
НЕА ФЛОГИТА
ДИОНИСОС
НЕА МОУДАНИА
НЕА ПОТИДЕА
НЕА ФОКЕА
АФИТОС
КАЛИТЕА
ПОЛИХРОНО
ХАНИОТИ
ПЕФКОХОРИ
ПАЉУРИ
СИВИРИ
ФУРКА
НЕА СКИОНИ

Доколку и ние како птиците, би ја имале привилегијата до го упатуваме својот поглед од небото кон прекрасниот полуостров Халкидики, веројатно честопати би не потсетувал на митологијата и на трозабецот на богот Посејдон, кој единствено тој можел така силно да го положи врз непрегледната површината на морето. Токму оваа исклучителна географска положба на Халкидики, веќе илјадници години го издвојува како еден од најубавите полуострови на медитеранот. Протегајќи се југоисточно од градот Солун и заливот Термаикос, кон заливот Стримоникос и сливот на реката Струма, Халкидики со своите три краци: Касандра, Ситонија и Атос, длабоко навлегува во Егејското море. Сите три краци, кои формираат преку петстотини километри долги песочни плажи, воедно му ја даваат и особеноста, на прекрасна хармонија од сино море, бел песок и бујно зеленило. Оваа природна идила, низ долгата историја на човековото постоење, не случајно за многумина и претставувала своевиден "рај на земјата". Веројатно е дека, токму таа убавина ги иницирала и монасите во минатото, токму тука – на третиот крак, да ја формираат својата единствена монашка држава во светот - "небесната Света гора". Првиот крак Касандра, со низата туристички места и хотелски капацитети, кои како бисери се нижат покрај нејзините два брега, за многумина се издвојува како најатрактивен дел од Халкидики. Овој регион со своите специфични географски карактеристики: благ рељеф, зелени површини, борови шуми, прекрасни плажи и развиени туристички места, со години привлекува најголем број од странските туристи. Понудата на неговите најпознати летувалишта во годинашнава летна сезона, е сосема сигурно интересна понуда за најголемиот дел од македонските туристи. Дали вашето внимание ќе го привлечат местата, Неа Флогита, Фурка и Неа Скиони покрај заливот Термаикос, или пак познатите градчиња: Калитеа, Полихроно, Ханиоти и Пефкохори, покрај заливот Торонеос, воедно сигурно нема да згрешите. Изборот за одмор на Халкидики, е секогаш оној - вистинскиот.