• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

VILLA ASIMENIA (1)

 

Вила ASIMENIА се наоѓа во стариот дел на Полихроно во близина на центарот на ова туристичко место. Овој објект има трокреветни студиа, апартмани со една спална за три и четири лица и истите се респоредени на високо приземје и Прв кат, опремени со мини кујна, ТВ, клима и  Wi Fi Internet. Вилата е оддалечен од плажа на 400 м. Во близина на објектот има јавен паркинг.


СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА !!!
ПОПУСТ од -20% 

УСЛУГА 19.05-26.05 26.05-02.06
наем на СТУДИО (3 лица) 94 € 117 €
наем на АПАРТМАН (3 лица) 104 € 130 €
наем на АПАРТМАН (4 лица) 122 € 152 €

 

                                РЕДОВНИ ЦЕНИ (наем за 7 ноќевања со сопствен превоз)

Цените се однесуваат за наем на студио или апартман, за 7 ноќевања (без превоз)
* Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD)


 ПАКЕТ АРАНЖМАН (7 ноќевања со автобуски превоз)


 

* Цените се однесуваат за пакет аранжман по лице ( 7 ноќевања со вклучен превоз) за минимум 2 возрасни лица во студио / апартман.
* БЕСПЛАТНО сместување за трето и четврто лице на дополнителен кревет, плаќа само превоз 35 €  (25 € деца 2-12 години).
* Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD)


ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- Употребата на клима уред е бесплатна во објектoте ASIMENIA (каде што е достапен)
- Доплата за туристичка такса 0,5 € - 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
- За уплата на две смени (7 + 7 ноќевања) одобруваме попуст од 10% на втората смена.
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.

- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)  


АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ: 35 € (25 € за деца 2-12 год.) 


ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
* Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање. Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување. 
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. 
Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица. 
* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги. 
* Цените се објавени во Travel Info бр.100, апартманско и хотелско сместување во Грција, со важност до 30.09.2019 година. 

* Цените со попуст важат за резервација и уплата на 50% од износот на аранжманот до датумот на важност на попустот. Уплатениот износ од 50% не се враќа ако патникот го откаже патувањето.
* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги. 
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување. 
Препорачуваме “Осигурување од ризик - отказ на аранжман“ !

НАПОМЕНA:
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.

Легенда:

DBL/TWIN - двокреветна соба (можен помошен кревет), SGL - еднокреветна соба, APP - апартман, Family - фамилијарна соба, SUITE – суит, Mezonette – мезонет, Bungalow – бунгалов, PV/MV - поглед на парк, SV - поглед на море,  tv - телевизор, fr - ладилник (фриждер), ac - клима уред, BB - ноќевање со појадок, HB - полупансион (појадок и вечера), AI - (all inclusive) се вклучено.


Автобуски превоз за КАСАНДРА
секоја недела, од 19.мај до 29.септември

Место и време на поаѓање:
Скопје      06:00 h     (паркинг спроти хотелот "Holiday Inn")
Велес       06:30 h     (бензиска пумпа, мотел Македонија)
Неготино   07:00 h    (бензиска пумпа, Макпетрол)
Смоквица  07:30 h    (бензиска пумпа, РТ петрол) 
Гевгелија   08:00 h    (бензиска пумпа, граничен премин Богородица)
Поаѓање од Грција: 16:00 h (локално време, 15:00 мак. време)

Превоз со конекција од следните градови (со доплата 10 € по лице)
Куманово     04:30 h     (БП Макпетрол, автобуска станица)
Гостивар      03:45 h     (паркинг кај Дом на култура)
Тетово         04:45 h     (кружен тек кај Дом на култура)
Кочани        04:45 h     (БП Макпетрол, кај Основен суд)
Штип           05:30 h     (паркинг пред пошта)
Кичево        04:30 h     (БП Пуцко петрол, спроти ТА Меридијан)
Струга         03:00 h     (хотел Дрим, трафики)
Охрид         03:15 h     (БП Лукоил, кај автобуска станица)
Ресен          04:00 h     (спроти автобуска станица)
Битола        05:00 h     (паркинг кај спортска сала)
Прилеп        05:45 h     (БП Лукоил)
Кавадарци   06:30 h     (паркинг кај гранична полиција)
Радовиш      05:45 h     (БП Макпетрол)
Струмица     06:30 h     (паркинг пред Тинекс) 

ПАТНИ ИНФОРМАЦИИ (сопствен превоз)
Насока: Скопје-Пефкохори (345 km)
Скопје - Солун (E75),
Солун-Неа Мудања - Калитеа - Сивири - Фурка
Трошоци во еден правец:
патарини MK (180 ден)