• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

Провери резервација

ПРОВЕРИ АВИОНСКА РЕЗЕРВАЦИЈА 

 

За преглед - проверка на Вашиот итинерер односно авионски билет Ве молиме кликнете https://www.checkmytrip.com а потоа внесете го бројот на Амадеус резервацијата добиена од Меридијан и
презимето на патникот.

ИНФОРМАЦИИ ЗА ЛЕТОВИ И ЦЕНИ 

На цената на авионскиот билет влијаат овие параметри :

  • крајна дестинација до каде патувате
  • датум на патување
  • должина на престој
  • датум на враќање ( ако е повратен билет )
  • година на раѓање на патникот.

Во овој случај имаме можност да Ви понудиме авионски билет по најповолна цена која во тој момент е расположива.

РЕЗЕРВАЦИЈА НА АВИОНСКИ БИЛЕТ 

За да Ви резервираме авионски билет мора точно да знаеме име и презиме на патникот кое мора да се поклопува со податоците од пасошот, датумот на раѓање при што патникот можеби ќе припаѓа во категорија на патници со попуст, контакт телефон или e-mail што дава можност да бидете известени од страна на агенцијата или авиокомпанијата за било какви промени во редот на летање, за можни промени во цената на авио билетот, аеродромските такси, рокови за купување на авионскиот билет, други услови поврзани за Вашето патување кои авиокомпаниите можат да ги воведат и друго. Ако дојде до непочитување на рокот за купување на авионскиот билет истиот може да биде сторниран. Резервацијата Ви чува само место во авионот но не Ве штити од промената на цената на авио билетот, аеродромските такси, времињата на летање итн.

КУПУВАЊЕ НА АВИОНСКИ БИЛЕТ 

Цените се во евра но се плаќа во денарска противвредност по курс на авиокомпанијата на денот на купување на авио билетот. Купувањето на авионскиот билет претставува договор меѓу патникот и авиокомпанијата. Со тоа компанијата ги превзема сите обврски према патникот и одговорна е за било какви измени или проблеми настанати по нејзина вина. Од друга страна и патникот има обврска да ги почитува правилата која ги пропишува авиокомпанијата и превзема одговорност ако на истите не се придржува.

ЕЛЕКТРОНСКИ БИЛЕТИ 

Патникот добива само итинерер на кој се наоѓаат деталите на летот. Секој електронски билет има свој нумерички број. Процедурата за chek in е потполно иста како и за претходните карти со тоа што наместо карта го давате пасошот како идентификација и добивате boarding карта за влегување во авион.

Предноста на електронскиот билет е што се скратува времето и процедурата на аеродромот и ваквиот билет не може да се загуби. Свој итинерер можете да добиете отпечатен повторно во секој момент од страна на агентот. Практично е и тоа што Вашиот агент за Вас додека сте на пат може да ги врши сите промени кои Ви се потребни, па не мора да се обраќате до авиокомпанијата со која патувате, да го носите билетот на увид и сл.

ЗАМИНУВАЊЕ НА АЕРОДРОМ, CHECK-IN, БАГАЖ...

Пред секој меѓународен лет неопходно е на аеродромот да се дојде минимум 2 часа пред полетување на авионот. При доаѓањето на аеродромот треба да се пронајде шалтер со натпис на авиокомпанијата со која летате и тука да извршите чекирање. Го предавате Вашиот билет, личните документи (пасош) и сиот багаж кој го имате освен личниот. Патникот добива свој boarding pass т.е. билет за влегување во авион на кој пишува gate т.е. излез на кој се наоѓа авионот, нумерација на седишта итн.

Тука направи резервација на авионски билет.