• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

КИЧЕВО - КОСТУР И СВ.АХИЛ

 

ТЕРМИН ЗА ПОСЕTА НА КОСТУР И СВ.АХИЛ 

ПОАЃАЊЕ ОД КИЧЕВО


САБОТА, 24.11.2018


Состанок на групата пред т.а.Меридијан во 02:00 часот. Поаѓање за Грција во 02:15 часот преку граничен премин Меџитлија, Птолемаида, Кожани. Пристигнување во Костур во претпладневните часови. Со мала прошетка покрај Костурското езеро, посета на Манастирот Св. Богородица Мавровска, изграден во X век.

Упатување кон центарот на Костур. Слободно време за индивидуални прошетки низ градот познат по индустирјата за производство на крзно, ручек во некоја од таверните, прошетки покрај убавото езеро кое изобилува со растителен и животнски свет...

Состанок на групата во претходно определно време и упатување кон Малото Преспанско Езеро и посета на островот Агиос Ахилеос (Св. Ахил) и базиликата. На островот Агиос Ахилеос (Свети Ахил) се наоѓаат остатоците од средновековниот град Преспа, подигнат од Цар Самоил во 10 век. Во руините на базиликата Свети Ахил во 1969 година е пронајден неговиот гроб.

Во доцните попладневни часови поаѓање према Македонија, со царински формалности и кратки паузи. Пристигнување во Кичево во вечерните часови.

 

Цена на аранжманот: 1.100,00 ден.

 

Цената на аранжманот вклучува:

Автобуски превоз на горенаведената релација,

посета на Манастирот Св. Богородица Мавровска,

посета на центарот на Костур посета на Базиликата Св. Ахил организација,

водство и реализација на аранжманот.

Патничко осигурување.

 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. Меридијан и СКТМ