• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

8 МАРТ

КРАКОВ (4)

 

1 ден 06.03.2020 КРАКОВ
Состанок на групата во 12:30ч. Поаѓање на автобусот во 13:00 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Унгарија… Ноќно возење со попатни паузи.
 
2 ден 07.03.2020 КРАКОВ
Пристигнување во Краков во предпладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градот со локален водич. Стариот дел, срцето на Краков, кралскиот дворец, катедралата, дворецот Вавел( без влезници), изграден во времето на владеењето на Казимир III Велики (1330-1370), централниот плоштад, готската црква Св. Марија, Еврејскиот кварт Казимерц, Флоријанската улица. Сместување во хотел. Ноќевање.
 
3 ден 08.03.2020 КРАКОВ – ВЕЛИЧКА
Појадок. Предлагаме факултативен излет рудникот за сол Величка… неверојатно импресивен свет под земја… солени езера, подземни простории и ходници, кралска палата и концертна сала, двете изградени од сол од генерации рудари. Рудникот е стар околу 700 години, има 9 нивоа, а туѕристите можат да го посетат третото ниво кое е на 13 метри под земја… Враќање во Краков. Слободно време за индивидуални прошетки. Можност за факултативна посета на национален ресторан. Ноќевање.
 
4 ден 09.03.2020 КРАКОВ – АУШВИЦ И БИРКЕНАУ
Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Аушвиц и Биркенау, најголемиот и најзлогласниот логор на нацистичка Германија. ( денес спомен музеј под заштита на УНЕСКО), комплекс на концентрациони логори на Нацистичка Германија во текот на Втората светска војна сместен во близина на Ошвјенќим (германски: Аушвиц) во Полска, околу 50 км западно од Краков. Во попладневните часови заминување кон Скопје. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
 
6 ден 10.03.2020 
Пристигнување во предпладневните часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 31.01: 139€/ 8.620 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 159€/ 9.860 ден


Во цената на аранжманот е вклучено:
• Превоз со високотуристички автобус
• 2 ноќевања со појадок во хотел 3* НП во Краков (околина)
• Организација на аранжманот
• Лиценциран туристички придружник
• Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес
* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Задолжително патничко осигурување 160 ден
• Разглед на Краков со локален водич (10€)
• Факултативен излет рудник за сол Величка (35€)
• Посета на национален ресторан со вечера (25€)
• Факултативна посета на Аушвиц (35€)
• Влезници за музеи и локалитети
• Доплата за еднокреветна соба 3.150 ден

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници