• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

LIMANAKI (6)

 

Објект со средишна и уникатна местополжба на островот, во центарот на неговата егзотична убавина. Се наоѓа во Аликес областа, на 400 метри од најубавата плажа на островот Аликес, на 50 метри од најблиската плажа, а на 900 метри од гратчето Амулијани. Студијата се на приземје и прв кат, со комплетно опремена мини-кујна, ТВ, Wi-Fi и клима уред (користењето е вклучено во цената), со поглед на море. Објектот има сопствен паркинг.

 

ТЕРМИН 

1/2 стд

1/2 + 1 стд

31.05-07.06

104 €

109 €

07.06-14.06

124 €

129 €

14.06-21.06

144 €

149 €

21.06-28.06

159 €

164 €

28.06-05.07

174 €

179 €

05.07-12.07

189 €

194 €

12.07-19.07

204 €

209 €

19.07-26.07

214 €

219 €

26.07-02.08

224 €

229 €

02.08-09.08

249 €

254 €

09.08-16.08

249 €

254 €

16.08-23.08

239 €

244 €

23.08-30.08

219 €

224 €

30.08-06.09

174 €

179 €

10.09-17.09

134 €

139 €

17.09-24.09

114 €

119 €

24.09-01.10

104 €

109 €

 

Цени:

 - Се дадени по лице, за минимум две платежни лица за 7 ноќевања, со вклучен автобуски превоз, по курс од 1€ = 61.8 ден

 - За аранжман со сопствен превоз се одобрува 25€ од вкупната цена по лице

 - Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа директно во објектот

 

Сместување:

 - Трето лице или дете над 6 год. имаат бесплатно сместување во 1/2+1 студио, плаќаат само превоз 25€

 - Едно дете од 2-6 год. може да се смести бесплатно во кревет со родител во 1/2 студио (плаќа само превоз 25€) со добиено одобрение од агенцијата и сопственикот на објектот

 - Во 1/2+1 студио дозволено е сместување на онолку лица колку што има кревети

 

Попусти:

 7% за уплата на два или повеќе поврзани термини

25% за целосна уплата во ДЕКЕМВРИ

20% за целосна уплата во ЈАНУАРИ

15% за целосна уплата во ФЕВРУАРИ

10% за целосна уплата во МАРТ

5% за целосна уплата во АПРИЛ

Горенаведените попусти не можат да се комбинираат

 

Превоз:

 - Секој петок поаѓање од Битола во 03:30 час. враќање во времето одредено од пратителот на групата

- Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да минува автобус

- Цена за само автобуски превоз на наведените термини изнесува 25€ по лице

- 5€ доплата за пакет аранжман по лице од Охрид, Струга, Кичево, Прилеп и Ресен

 

Напомена:

 - За резервација со попуст, потребна е аконтација од 50% од вкупниот износ на аранжманот, додека останатите 50% од износот треба да се доплатат додека трае месечниот попуст

- При промена на име и презиме, број на патници или термини, попустите дадени во дадениот месец нема да важат, односно ќе важат цените во периодот кога ќе се изврши промената

- Задолжително е здравствено и патничко осигурување.

- Патниците се одговорни за важноста на нивните патни исправи, како и бројот на искористени денови за престој во ЕУ.

- Агенцијата не е одговорна за интензитетот и квалитетот на интернет врската во сместувачките капацитети во текот на престојот на гостите, како и за периодите со топла и ладна вода.

 

Куќен ред:

 - Студијата/апартманите се напуштаат во 08:00 часот, во студијата се влегува после 13:00 часот

- Гостите се сместуваат во претходно подготвени и уредени соби, со обврска сами да се грижат за редот и хигиената на истите во текот на престојот. По завршувањето на престојот гостите се обрзани да ги остават студијата/апартманите во пристојно чиста состојба.

- При употреба на клима уредот се молат гостите да ги затвораат вратите и прозорците. При напуштањето на студијата/апартманите се молат гостите да го исклучуваат клима уредот. Во спротивно, сопствниците на сместувачките капацитети имаат право да го забранат користењето на услугата.

- Гостите се должни да ги остават апартманите и студијата во иста состојба како што ги затекнале. Опремата во студијата/апартманите и на терасите да биде неоштетена. Инвентарот мора да биде на број.

- Во случај на направена штета или губење на клучеви, гостите се должни да ја надокнадат штетата и да платат кај сопствениците на сместувачките капацитети пред заминување.

- Во случај на забелешки во врска со сместувањето или евентуални проблеми настанати во текот на престојот, гостите се должни да ја пријават забелешката или проблемот кај сопствениците на сместувачките капацитети и претставнците на агенцијата во текот на нивниот престој. Агенцијата не сноси одговорност за забелешки и проблеми пријавени после завршувањето на престојот на гостите.