• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

VILA ELENI 10 nokji (17)

 

Вилата Eleni е лоцирана во непосредна близина на строгиот центар, на само 50 метри од плажата во Неа Рода, веднаш над вилата „Maria Pashalidou“. Во вилата располагаме со две 1/2+1 соби и еден четирикреветен апартман на прв спрат. Собите имаат тераси со поглед на море и издвоена заедничка кујна, а апартманот има поглед во дворот на вилата. Сите сместувачки капацитети имаат телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената, постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Напомена:

 

Во сите студија дозволено е сместување на толку лица колку што има кревети. Во заеднички кревет заедно со возрасно лице може да се смести дополнително едно дете до 4 години. 

 

 

-20% попуст за целосна уплата до 01.12.2018 

 

- Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)

 Соба бр.1

Двокреветна соба на прв спрат во вилата. Има еден дупли кревет со нормална димензија и еден помошен кревет на расклопување на кој може да спие едно дете.  Опремено е со мебел, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Има купатило со помали димензии, а затоплувањето на водата е со сончеви колектори. Од собата се излегува на тераса опремена со пластична маса и столчиња која има поглед кон море. Кујната е целосно издвоена од собата, опремена е со прибор за готвење и јадење и наменета е заеднички да се користи со туристите од соседната соба бр.2.


 Соба бр.2

Двокреветна соба на прв спрат во вилата. Има еден дупли кревет со нормална димензија и еден дополнителен кревет на  кој може да спие едно лице.  Опремено е со мебел, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Има купатило со помали димензии, а затоплувањето на водата е со сончеви колектори. Од собата се излегува на тераса опремена со пластична маса и столчиња која има поглед кон море. Кујната е целосно издвоена од собата, опремена е со прибор за готвење и јадење и наменета е заеднички да се користи со туристите од соседната соба бр.1.


Апартман бр.3

Четирикреветен простран апартман на првиот спрат во вилата. На самиот влез во апартманот е поставен клима уредот чие користење е вклучено во цената. Од овој мал меѓупростор кој не е преграден со врата се влегува во голема просторија за дневен престој. Кујната е комплетно опремена со прибор за готвење и јадење, со електричен шпорет со аспиратор и со голем фрижидер со издвоена комора за замрзнување. Во собата има трепезариска маса со столчиња која го издвојува просторот од останатиот дел во собата каде има два кауча на кои можат да спијат две возрасни лица, како и мебел и голем телевизор. Втората просторија е спална соба опремена со еден дупли кревет со нормални димензии и мебел. Од спалната соба се излегува на истата тераса. Апартманот има купатило со помали димензии, а затоплувањето на водата е со сончеви колектори.

 

Напомени и услови:

Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 или 7 ноќевања без вклучен превоз 

Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети   

Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време

При сместувањето влегувате во чисти соби , но за време на престојот сами се грижите за одржувањето на хигиената.По завршувањето на вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманотво пристојна (чиста) состојба.

Користењето на клима уредоте вклучено во цената.

Сопственикот на вилата има право да реагира и да ја ускрати оваа услугадоколку го оставате апаратот да работи во времето додека сте на плажа или надвор од апартманот. Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апратманот ја надоместува штетата на сопственикотна вилата на лице место. Организаторот на патувањето го зарджува правото по пат на LAST MINUTE понуда да ги објави и продаде останатите слободни капацитетеи во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.Лицата кои предходно го уплатиле својот аранжман немаат право на надомест на средства но има разлика во цена.

Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!

Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Рода

Цена на повратен билет – 35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра