• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

HRISA HOUSE sopstven prevoz (53)

15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА И КОМПЛЕТНА УПЛАТА ВО ГОТОВО ДО 01.02.2018 10%
ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА И КОМПЛЕТНА УПЛАТА ВО ГОТОВО ДО 01.03.2018 5%
ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА И КОМПЛЕТНА УПЛАТА ВО ГОТОВО ДО 01.05.2018
Hrisa се наоѓа во централниот дел на Пефкохори, на 60-тина метри оддалеченост од плажата. Блиску до шеталиштето, маркетите, продавниците, кафиќите и рестораните, сместена е во мирна, не многу прометна улица. Објектот располага со двокреветни, трокреветни и четирикреветни апартмани и четирикреветни, петокреветни и шестокреветни дуплекс апартмани. Сите сместувачки единици имаат основно опремена кујна сразмерно со бројот на кревети, купатило, тераса, TV и клима уред, чие користење е вклучено во цената за наем, WiFi. Менување на постелнина е еднаш во текот на престојот.
плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 ден

 Влез во собите е во 16 ч а напуштање во 9 ч
 за хигиената на собите за време на престојот се грижите сами и потребно е истите да ги оставите во чиста состојба (испразнет и исклучен фрижидер на 0, фрлено ѓубре, измиени садови...)
 дозволено е дете до 6 год да го дели креветот со родителите или 2 деца до 10 год да делат еден кревет
 било какви промени за веќе потврдена резервација се наплаќаат 15 еур
 По пристигнувањето потребно е да се јавите на претставникот за да Ве упати како да ја најдете куќата и да Ве регистрира. Доколку не можете сами да ја најдете, претставникот ќе Ве смести најбргу што може
ВАЖНО!
Од 01.01.2018 год. се наплаќа такса за престој во приватно смесување во Грција во висина од 0,5 ЕУР на ден по сместувачка единица (студио/апартман/дуплекс).
ЗА ОВОЈ ОБЈЕКТ ИЗНОСОТ СЕ ПЛАЌА ВО АГЕНЦИЈА, ПРИ РЕЗЕРВИРАЊЕ, И ИСТИОТ НЕ ПОДЛЕЖИ НА ПОПУСТ!