• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ФИРЕНЦА - ЧИНКВЕ ТЕРЕ (23)

 

Дополнителни  10% ПОПУСТ  за првите 10 уплати до 30 Ноември !!!

Термин 06 Март

 

1 ден   06.03.2020 Монтекатини 

 Состанок на групата во 10:30ч.на паркингот кај Спортски центар Борис Трајковски. Поаѓање за Фиренца во 11.00ч. Патување преку Србија, Хрватска и Словенија, со попатни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола. Ноќно возење.

 

2 ден   07.03.2020 Монтекатини – Пиза – Монтекатини 

 Пристигнување во пладеневните часови во Монтекатини Терме. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Во вечерните часови предлагаме посета и прошетка на ПизаПиза, град во Италија лоциран на бреговите на Тосканската ривиеранекогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот каде се сместени трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO, крстилиницата San Giovanni, Кривата Кула (која вооедно е и најпознатата кула во Италија), Campo Santo (Стари гробишта)Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3ден  08.03.2020 

 Монтекатини- Cinque Terre- Монтекатини Појадок.После појадкот заминување (08:00ч.) на целодневна факултативна екскурзија до најпознатите и најживописни селца на Италијанската рива. Разлгед на  регионот со локален водич. Пристигнување во градот La Speziaод каде се продолжува со воз. Cinque Terre е област лоцирана на Лигурското крајбрежје сочинета од 5 селца: Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, ManarolaиRiomaggiore, кои со околните планини го сочинуваат Националниот парк CINQUE TERRE, кој е под заштита на UNESCO. Овој дел од Италијанската ривиера е еден од најпознатите и живописен  туристички центар. Враќање во La Spezia.Поаѓање за Монтекатини.Ноќевање.

 

4ден  09.03.2020  Монтекатини- Сиена – Сан Џимињано–Монтекатини

Појадок.После појадокот заминување на целодневен факултативен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, градот кој низ историјата претставуал најголем ривал на Фиренца и втор по важност во Тоскана по богатата ризница на уметничко и културно наследство. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena –Metropolitana di Sandra Maria Assunta, PallazoSalimbeniи Piazza Salimbeniи плоштадот  Del Campo – плоштад во облик на школка на кој се одржува познатата коњска трка Palio...Слободно време за индивидуална прошетка до поаѓањето за Сан Џимињано. Пристигнување во San Gimignanoтипично тосканско градче опкружено со винови насади и маслинови градини. “San Gimignanodala belle Tore” во кој е добро сочуван амбиентот од XIIIи XIV век, и 14-те кули кои прават една целина на ова живописно мало тосканско градче. Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во Монтекатини.Слободна вечер за индивидуални прошетки низ Монтекатини. Ноќевање.

 

5 ден  10.03.2020 Монтекатини –ФИРЕНЦА 

Појадок. После појадокот (08:00) заминување за Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилијата МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Разглед на градот со локален водич: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити...Во попладневните часoви (17:00- 18 :00) поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попантни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола.

 

6ден   11.03.2020 

Пристигнување во попладневните  часови .

 

ЦЕНАНА АРАНЖМАНОТ  ЗА УПЛАТИ ДО 31.01.2020  : 179 €/ 11.100ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:199€/ 12.340ден.

  

Во цената на аранжманот е вклучено:

Превоз со високотуристички автобусна дадената релација

Сместување во хотел со 3* на база 3НП (ноќевање со појадок) во Монтекатини

Вечерна посета на Пиза Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето

Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци(Дреново), Струмица, Штип, Велес, Охрид,

(Организираниот трансфер може да биде во утринските часови, а точно време на поаѓање се утврдува 1 ден пред терминот на поаѓање)

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

Целодневен излет на Cinque Terre (трансфер, CinqueTerre card – воз  до 5-те места, користење на wi-fi , трансфер од железничка до центар на Ла Специја, водич ) - 45€

Посета на Сиена и Сан Џимињано (трансфер,  водич) - 45

Задолжителна посета на Фиренца - 20€

Туристичка такса во хотел во Монтекатини ( 3€ на ден по лице)

Доплата за еднокреветна соба - 4.960 ден.

Патничко здравствено осигурување

Индивидуални трошоци


Агенцијата го задржува правото за измена на редоследот на излетите и посетите по денови и сатници.

НАПОМЕНИ

За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.

Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

Останатите услови на патување важат според годишниот програм на Т.А.Меридијан

Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.

Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место  на поаѓање.