VILA MARIANA 10 nokjevanja (17)

(12)

Ново во нашата понуда...АТОС - третиот и најисточниот крак на Халкидики... Бистро море... медитеранска шума... приморски места идеални за уживање... мир со кој зрачи оваа „Света земја“. Најголемиот дел од површината на Атос ја сочинува монашката држава Света Гора на која се наоѓаат 20 манастири, од кои по еден српски, бугарски и руски, а останатите се грчки. Тука пристапот на целиот женски род, вклучувајќи ги и животните е строго забранет, а мажите кои сакаат да стапнат на оваа територија мора да поседуваат посебна дозвола која секој ден ја добиваат по 120 Грци и десетина странци. И токму тоа го прави овој крак најатрактивен - да можете да летувате на само неколку чекори пред капијата на единствената монашка држава во целиот свет - Света Гора за која владиката Николај Велимирович запишал: „Царство без круна. Држава без војска. Мудрост без школо. Кујна без месо. Богатство без пари. Земја без жени“.
Живописното приморско место Неа Рода е вистинскиот избор за сите кои се уморни од гужвата на плажите и сакаат да откријат нешто ново, а во исто време да уживаат во природните убавини. Местото има исклучително чисто море и долга песочна плажа закитена со Плаво знаме на Медитеранот, поплочени тесни улички со традиционални камени куќи, неколку барови покрај плажата, таверни, маркети, амбуланта,аптека, па дури и кино на отворено... На околу 150 метри од плажата, во мирниот дел на Неа Рода се наоѓа хотелот од апартмански тип „Лазаридис“(Lazaridis) каде  располагаме со студија опремени со мини кујна, ТВ и клима-уред чие користење е вклучено во цената. Студијата имаат широки тераси од кои се гледа пространата морска ширина и прекрасно природно опкружување. Доколку Вашиот избор ова лето биде Неа Рода, задолжително посетете ја фантастичната песочна плажа Комитца (Komitsa), оддалечена само 4,5 км. Плажата која ќе Ве фасцинира со својата раскошна убавина со право е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО како подрачје со природна убавина. Не помалку атрактивна е и плажата Воулитца (Voulitsa) скриена во преубавиот залив. 

 

 

Термин:

 

Ноќевања:

 

1/3  студио

 

1/2+2 апартман (море)

02.06-12.06.2017

10

250 €

350 €

12.06-22.06.2017

10

300 €

400 €

22.06-02.07.2017

10

350 €

450 €

02.07-12.07.2017

10

450 €

550 €

12.07-22.07.2017

10

500 €

600 €

22.07-01.08.2017

10

550 €

650 €

01.08-11.08.2017

10

550 €

650 €

11.08-21.08.2017

10

550 €

650 €

21.08-31.08.2017

10

500 €

600 €

31.08-10.09.2017

10

400 €

500 €

10.09-20.09.2017

10

300 €

400 €

20.09-30.09.2017

10

250 €

350 €

 

  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз 
  • Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети   
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Рода
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции 
  • Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра