• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

VILA ISI LUX (14)

                                                                                               
Вила “ISI Lux се наоѓа нa само 20m oд плажа односно пред хотел "Potidea Golden Beach". Вилата е изградена во 2017 год. Располага со 1/3 студија, /2+1/ апартмани со една спална за 3 лица (брачен кревет+едно легло во кујната), дуплекс апартман со две одделни спални соби за 4 лица (брачен во двете спални). Студијата се на високо приземје и I кат /апартманите со една и две спални соби се на I кат. Сите се опремени со комплетно нов мебел, кујна (со прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер...), тоалет, крпи за лице и тело, клима (вклучена во цената), ТВ, бесплатен Wi-Fi интернет, гардеробер, балкон со масичка и столчиња. Во дворот на вилата има масички со столчиња, кујна и скара кои се на располагање на гостите. Вилата за прв пат е отворена во 2017 година.
                                                                                          
15% попуст за целосна уплата до 01.01.20   |  10% попуст за целосна уплата до 01.02.20
  7% попуст за целосна уплата до 01.03.20   |     5% попуст за целосна уплата до 01.04.20

 

НАПОМЕНА

-  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то лице во студио или апартман со една спална - БЕСПЛАТНО сместување;
-  Цените за 7ноќи/8дена (со *), се дадени за наем на цело студио/апартман без вклучен превоз;
-  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
-  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
-  Во студио или апартман со една спална плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз;
-  Во дуплекс апартман со две одделни спални соби плаќаат минимум 4 лица;
-  Во студио/апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години - БЕСПЛАТНО;
-  Поради генерално чистење на студијата/апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
-  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
-  Превоз од: Штип / Струмица / Скопје / Куманово / Велес / Гевгелија;
-  Превозот ги остава патниците пред вилата доколку е можно да влеземинибус, доколку не е можно ги остава кај стадионот. Околу 300м од вилата;
-  Wi-Fi интернет - БЕСПЛАТЕН!!
 -  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за последниот термин.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

-  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;
-  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
-  Доплата за туристичка такса - 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);
-  Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);
-  Доплата за патничко осигурување (информации во агенција).