• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

СПЛИТ-ДУБРОВНИК-ШИБЕНИК-ТРОГИР-KRKA (5)

ДУБРОВНИК – ШИБЕНИК  ТРОГИР - МАКАРСКА  

 

1 ден 29.12.2019 

 Поаѓање од пред агенција во 19.00 часот со туристички автобус, преку Албанија, Црна Гора за Хрватска, ноќно возење со попатни паузи.


2 ден 30.12.2019 

 Преку Будва, Тиват со траект, долж Јадранската ривиера, преку Неум (БиХ) околу пладне се пристигнува во Сплит, сместување во хотел. Попладнето разгледување на Сплит со локален водич: Диоклецијановата Палата, Катедралата Свети Дује, плоштадот, Променадата - Рива... Слободна вечер во центарот на Сплит. Ноќевање.


3 ден 31.12.2019

Појадок. Целодневен факултативен излет со водич до: Трогир каде ќе се видатКатедралата Свети Ловре, палатата Чипико, кулата св. Марко.. Шибеник при што ќе се видат: Катедралата св. Јаков - која е под заштита на УНЕСКО, четирите средновековни бунари, а на 10 км се најдува Националниот парк *Крка* со познатите слапови на реката Крка и нивна посета. Враќање во Сплит. Вечерта дочек на Новата 2020 год. на плоштадот на Сплитската променада - Рива, со традиционален спектакуларен полноќен огномет, со настап на танчерски групи, познати музички звезди .... Ноќевање.


4 ден 01.01.2020

Појадок. Поаѓање за Македонија со попатни паузи во “Гусарскиот град” Омиш, па долж ривиерата поминувајќи покрај многу убави туристички места, а едно од нив е  Макарска - нејзина посета при што ќе се видатКацичевиот плоштад, црквата св. Марко и прошетка по преубавото шеталиште - Рива... Потоа се оди за Дубровник каде ќе се посети  стариот град и тоа : Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, Палатата Спонза, цр. Св. Влах, Катедралата... Потоа се продолжува за Македонија преку Црна Гора со попатна пауза во Будва - прошетка во стариот дел на Будва, каде вечерта  на плоштад ќе настапи една од најатрактивните музички звезди Цеца Ражњатович. По полноќ се продолжува за Македонија преку Албанија, ноќно возење со попатни паузи.


5 ден 02.01.2020 

 Пристигнување во Македонија во утринските часови.

 

ЦЕНА: 7900 денари 

 

Во цената се пресметани следните услуги:                                 

- превоз со туристички автобус

- сместување во хотел со 3* на база 2 н/п

- разглед на Сплит со локален водич

- посети на: Дубровник, Омиш, Макарска,Будва...

- организација и придружник на патувањето.


Во цената не е пресметано:

- патничко и здравствено осигурување

- излет со локален водич до: Трогир, Крка и Шибеник - 15 €, плус влез во Крка - 10 €

- влезници за други културно - историски споменици