МАКАРСКА (АВТОБУС) (1)

 

 СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА!!!

превоз и 9 ноќевања 05.07. - 14.07.
СОБА (за мин. 2 лица) 175 €


* цена по лице во соба според достапност во "Last Minute"

 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:

 
01.ден         СКОПЈЕ – МАКАРСКА
Состанок на групата во 16:30 часот на паркингот пред хотел "Holiday Inn", заминување за Хрватска во 17:00 ч. Патот води преку граничниот премин Блаце со Косово, Албанија и Црна Гора. Дневно и ноќно возење со попатни одмори.

02.ден         МАКАРСКА
Пристигнување во Макарска во претпладневните часови. Попладне, сместување во собите и слободно време за одмор, релаксација и запознавање со летувалиштето. Ноќевање.

од 03. до 10.ден         МАКАРСКА
Денови за одмор со престој во соби (со сопствена бања) или студија (со тоалет и кујна) во приватни куќи, на база ноќевање или полупансион (со исхрана во ресторан). Комуникација со локалните представници за евентуални дополнителни услуги, факултативни излети и посети.

11.ден         МАКАРСКА – СКОПЈЕ
Напуштање на собите (до 10:00 часот). Заминување од Макарска во попладневните часови (во 16:00ч.). Дневно и ноќно возење со попатни одмори. Патот води преку Црна Гора, Албанија и Косово.

12.ден         СКОПЈЕ
Пристигнување во Македонија во претпладневните часови.




ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- Трето возрасно лице на дополнителен кревет: -15%.
- Дете 2-12 години на дополнителен кревет: -25%.
- Дете 0-2 години: бесплатно
- Попустите за деца и за трето лице, важат при сместување во соба со две возрасни лица
- Доплата за 9 полупансиони (појадок и вечера) во ресторан 130 EUR (со резервација)
- Употреба на клима уред, се доплатува во објектот (каде што е достапно)


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во двокреветни соби (со сопствен тоалет) или студио (со тоалет и кујна) на база 9 ноќевања 
- Употреба на заедничка кујна е вклучена во цена на собите (не важи за собите во Villa Matijasevic)
- Организација и реализација на аранжманот


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Туристичка такса: 9 EUR по лице,   4,5 EUR за лица од 12-18 год. и бесплатно за деца до 12 год.
- Задолжителна полиса за патничко осигурување (препорачуваме - полиса без франшиза)


ЗАБЕЛЕШКИ: 
- За патување со сопствен превоз цената се намалува за 30 EUR по лице
- Само превоз (автобус)  90 €  (за деца 2-12год  45 €) 
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и Т.А.Меридијан