Grand Royale 4* (35)

 

Комплексот од апартмани и спа центар Grand Royale се наоѓа на 600 метри од најблиската жичара и на само 800 метри од центарот на Банско. Овој сместувачки објект со 4 * има затворен базен и голем спа центар и теретана. Бесплатен бежичен интернет е достапен во целиот објект.


Удобните апартмани во овој голем и модерен комплекс имаат дрвени подови.  На гостите им се на располагање мини кујна, ТВ со кабловски калани и мини бар. Секоја сместувачки капацитет располага со балкон со поглед на планината.

Големите заеднички простоирии во комплексот Grand Royale опфаќаат бар у фоејето и бар со просторија за пушачи и билјард. Во ресторанот се служат одбрани јадења на интернационална кујна, а во кругот на објектот постои и мини маркет.

Спа центарот во понудата има разновидни сауни, џакузи и соба за релаксација. Со доплата достапни се и масажи и третмани од професионални физиотерапефти.

Обезбеден е и бесплатен превоз до ски стазите. Услугата превоз од и до аеродромите во Солун, Софија и Пловдив можат да се организираат со доплата. Софија е одалечена 150 км. Во комплекост апартмани и спа центарот  Grand Royale може да се користи и бесплатен паркинг во зависност од расположливоста.

 

 

НП – ноќевање со појадок | ПП – појадок и вечера


Цените се во евра по лице и вклучуваат :
√ Ноќевање на база ноќевање со појадок / појадок и вечера.
√ Користење на СПА ЦЕНТАР (внатрешен базен, сауна, парна бања, релакс зона, фитнес)
√ Детски кат
√ Интернет, паркинг

Во цените не е вклучено : патничко осигурување и туристичка тaкса 1€ по лице на ден