• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

APARTHOTEL ALEXANDER INN 10 nokji (17)

 

Ставрос е идеално место за семејно летување, за оние кои сакаат да поминат релаксирачки одмор, како и за млади. Има особено блага клима, песочни плажи кои во еден дел од градот се со нагласено плитко море и развиена трговска мрежа која за време на летниот период е во постојана функција на туристите. Градот е оддалечен од Солун само 80 километри, а во непосредна близина се наоѓаат туристичките места Неа Врасна и Аспровалта со кои е поврзан со автобус кој сообраќа преку целиот ден. Градот изобилува со маркети, ресторани, таверни, кафетерии, слаткарници, пекари, продавници за гардероба и сувенири... Во центарот на градот има луна парк и најразновидни забавни игри за децата, убаво уреден парк, мало пристаниште, банка... Во близина на Ставрос се наоѓа познатото место Олимпијада каде Ви препорачуваме да ја посетите фантастичната Платинеста плажа.  


Апартхотелот „Alexander Inn“ е лоциран на само 50 метри од плажата во Ставрос. Во состав на хотелот има пица-ресторан и кафе бар, а во дворот на хотелот има преубав базен опкружен со лежалки и чадори кој им е на располагање на гостите. Во прекрасниот амбиент на хотелскиот комплекс посебен простор е уреден за најмладите-детското катче е опремено со играчки каде децата безбедно можат да се забавуваат. Во нашата понуда имаме трокреветни студија на високо приземје и на прв спрат кои имаат тераси со директен и бочен поглед кон базенот. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел соодветен на хотелско сместување, купатила, мини кујна, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената, а постелнината и крпите се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целиот објект е со сончеви колектори, а хотелот е покриен со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и

периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.Хотелот има сопствен паркинг. 

 

-20% попуст за целосна уплата до 01.12.2018 

 

- Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)

Студио бр. 9

Трокреветно студио на високо приземје кое има еден дупли и еден единечен кревет, мебел, телевизор, клима уред. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Студиото има сопствено купатило со нормална големина. Студиото располага со пространа тераса која има директен поглед на базенот, опремена со пластична маса и столчиња. Терасата е поврзана со терасата на студиото бр. 10. 

 

Студио бр. 10

Трокреветно студио на високо приземје кое има три единечни кревети, мебел, телевизор, клима уред. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Студиото има сопствено купатило со нормална големина. Студиото располага со пространа тераса која има директен поглед на базенот, опремена со пластична маса и столчиња. Терасата е поврзана со терасата на студиото бр. 9. 

 

Студио бр. 11

Трокреветно студио на високо приземје кое има еден дупли и еден единечен кревет, мебел, телевизор, клима уред. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Студиото има сопствено купатило со нормална големина. Студиото располага со тераса опремена со пластична маса и столчиња која има поглед во дворот на хотелот и кон паркингот, како и бочно кон базенот. 

 

Студио бр. 17

Трокреветно студио на прв спрат кое има еден дупли и еден единечен кревет, мебел, телевизор, клима уред. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Студиото има сопствено купатило со нормална големина. Студиото располага со тераса со пластична маса и столчиња која има поглед во дворот на хотелот и кон паркингот, како и бочно кон базенот. 

 

Студио бр. 19

Трокреветно студио на прв спрат кое има еден дупли и еден единечен кревет, мебел, телевизор, клима уред. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Студиото има сопствено купатило со нормална големина. Студиото располага со пространа тераса која има директен поглед на базенот, опремена со пластична маса и столчиња. Терасата граничи со терасата на студиото бр. 20. 

 

Студио бр. 20

Трокреветно студио на прв спрат кое има три единечни кревети, мебел, телевизор, клима уред. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Студиото има сопствено купатило со нормална големина. Студиото располага со пространа тераса која има директен поглед на базенот, опремена со пластична маса и столчиња. Терасата граничи со терасата на студиото бр. 19. 

 

Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз  Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети   

Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време

При сместувањето влегувате во чисти соби , но за време на престојот сами се грижите за одржувањето на хигиената.По завршувањето на вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманотво пристојна (чиста) состојба.

Користењето на клима уредот е вклучено во цената.

Сопственикот на вилата има право да реагира и да ја ускрати оваа услугадоколку го оставате апаратот да работи во времето додека сте на плажа или надвор од апартманот. Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апратманот ја надоместува штетата на сопственикотна вилата на лице место. Организаторот на патувањето го зарджува правото по пат на LAST MINUTE понуда да ги објави и продаде останатите слободни капацитетеи во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.Лицата кои предходно го уплатиле својот аранжман немаат право на надомест на средства но има разлика во цена.

Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!

Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Ставрос

Цена на повратен билет – 35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра