• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

GREEN WOOD 4* (35)

Локација : 7 км од Банско, во близина на Пирин Голф Клуб

 

Самиот момент кога ќе пристигнете, ќе ја почувствувате топлата планинска атмосфера на хотелот. Отворен е целогодишно и нуди разновидност на услуги погодни за фамилии, компании, љубители на екстремни спортови, скијање, спа и рекреација. Располага со двокреветни соби, студија, апартмани. Во склоп на хотелот има два ресторани, лоби бар со камин, конференциска сала, детско катче, паркинг. СПА Центар : внатрешен и надворешен базен, финска сауна, парна и турска бања, фитнес, масажи, арома терапии, козметички процедури.

РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА : 10% попуст за резервација и уплата до 30.11.2019 (валиден за период на престој 01.12-19.12.2019, 12.01-31.03.2020)

БОНУС : 7=6 (валиден за период на престој 01.12-19.12.2019, 12.01-31.03.2020) – се комбинира со попуст за рана рез.

Во цената е вклучено :
појадок, ручек, вечера, ужини, неограничени пијалоци од 11-23 часот,
транспорт до жичарница (по распоред),
користење на внатрешен базен, сауна, парна бања, фитнес, детски кат,  паркинг, интернет.
Минимален престој :
3 ноќевања во новогодишниот период
Дополнителни услови : 
Дете до 5.99 год. на дополнително легло – бесплатно
Прво дете од 6-13.99 год. на дополнително легло – бесплатно
Второ дете од 6-13.99 год. на дополнително легло – 50% попуст
Возрасен на дополнително легло – 20% попуст
Едно дете со 1 возрасен на редовно легло – 20% попуст од цената за двајца
Две деца со 1 возрасен – двете деца плаќаат 50% од цената за возрасен
Еднокреветна соба – 20% попуст од цената за двајца
За сместување во двоспален апартман се плаќаат 4 полни суми
Доплата за новогодишна вечера (задолжително) : возрасни – 90€, дете – 40€
Доплата за туристичка такса за возрасни и деца над 2 год. : 1€ по лице на ден
Организиран превоз во Јануари и Февруари : секоја САБОТА
Повратен билет : 40 € по лице