• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

Кападокија со Анкара и солено езеро (23)

 

Дополнителни  10% ПОПУСТ  за првите 10 уплати до 30 Ноември !!!

 

Термин 06 Март

1 Ден  06.Март.2020  СКОПЈЕ – ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА:

Состанок на групата на паркингот кај спортскиот центар Борис Трајковски во 08 30 ч.. Поаѓање во 09:00 часот. Се патува преку Грција,  граничен премин Богородица ( Солун, Кавала, Истанбул...), со попатни паузи за одмор и царински формалности.


2 Ден  07.Март.2020  СОЛЕНО ЕЗЕРО (TUZ GOLU)  - ЃОРЕМЕ,КАПАДОКИЈА:

Патуваме кон Кападокија со попатна пауза кај големото солено езеро Туз Ѓолу, едно од најголемите солени езера во светот... долго 80 км, широко 50 км, длабоко 50 см, ( во зимскиот период достигнува длабочина и до 1.5 метар). Најголемиот дел од залихите со сол во Турција се црпат токму од ова езеро...  По одморот продолжуваме кон Ѓореме,Кападокија. Пристигнувањее во пладневните часови. Сместување во одбран хотел. Индивидуална прошетка и запознавање со местото.

Во пoпладневните часови започнува магијата на Кападокија:

 Предлагаме возбудлива посета на ЦРВЕНА ДОЛИНА и запознавање со првите приказни за КападокијаПотоа прошетка низ стара грчка напуштена населба но и стари селџучки куќи се уште во употреба. Прошетка покрај “самовилинитеоџаци“. Можност за освежување со свежо цеден сок од калинка. Посета на остатоците од старата тврдина - место со најубавиот залез на сонцето(факултативно). Вечера. Слободна вечер за индивидуални прошетки низ Ѓореме.  Ноќевање.

 

03 Ден  08.Март.2020 

ЃОРЕМЕ,КАПАДОКИЈАЛЕТ СО БАЛОН -  ГОЛЕМА ТУРА – ТУРСКА ВЕЧЕР

Денот е предвиден за 3 возбудливи факултативни излети:

 

1. ЛЕТ СО БАЛОН: од платото нахотел ТУРИСТ 4*!

Рано наутро пред магичното изгрејсонце на Кападокија, можност за лет со балон над самовилските оџаци на Кападокија. Ова е авантура што никогаш нема да ја заборавите... уживајте во  убавината и возбудата додека балонот нежно се издига. Слушајте го татнежот на печкаташто го загрева воздухот во балонот. Восхитувајте се на неверојатниот поглед на повеќе од 100 балониво лет, и секако... магичното изгрејсонце. Во состав на екскурзијата е вклучена и лесна закуска со чај/кафе, шампанско на крај на летот и сертификат за летање со балонот.Враќање во хотел.

Секако и тие што нема да летаат, ќе имат возбудлива глетка на подготовка и полетување на балоните. Летот на балоните најмногу зависи од временските услови (ветер, дожд, магла). Појадок.  

 

2КАПАДОКИЈА ГОЛЕМА ТУРА: Ве водиме во подземниот град  Кајмакли, издлабен во вулкански камен во 7 век п.н.е, еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови на Кападокија, откриени 4 ката под земја, поврзан со подземниот град Деринкују со подземен тунел долг 9 км.... Продолжуваме кон долината Ихлара, долга 16 км, која од двете страни е опколена со цркви во карпите. Пријатна прошетка  по дел од долината, по течението на реката Мелендиз,  со пауза за освежување во традиционална чајџилница на самата река. Пауза за ручек во Анадолското село Белисирма покрај самата река... Продолжуваме кон манастирот Селиме, најголемиот и најмоќниот религиозен објект во  Кападокија, издлабен во карпите во 8 или 9 век од христијанските монаси. Историските записи велат дека за изградба на овој манастир-црква со димензии на катедрала, биле потребни 200 години (факултативно). Враќање во хотел. Вечера.

 

3ТУРСКА ВЕЧЕР:Во вечерните часови факултативно ве водиме на Турска вечер со традиционални игри и стомачен танц,  во автентичен, пештерски амбиент од Кападокија. Богатото шоу го следиме со типично турско мезе, вкусна  вечера по ваш избор и неограничена дегустација на локално вино, турска ракија, водка, пиво, сокови.  Враќање во хотел. Ноќевање.

 

04 Ден  09.Март.2020: ЃОРЕМЕ,КАПАДОКИЈА:  СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА

Појадок.  Ве водиме во Срцето на Кападокија (факултативно). Прошетката започнува со Ѓореме – срцето на Кападокија, со посета на  “Ѓореме музејот на отворено- огромен манастирски комплекс, познат по фреските од 10-12 ти век , на кои е опишан животот на монасите и Исус Христос. Сите цркви во Ѓореме датираат од 9 век, импозантни цркви вдлабени во карпите, со преубави фрески со бои кои до денес ја задржале својата свежина а најзначајна од нив е црквата Св. Василиј... Комплексот е под заштита  на УНЕСКОод 1984 год. Одиме кон замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Ѓореме... Продолжуваме кон Чавушин, напуштено село со пештери и грчки куќи.  Пауза за ручек. Попатна посета на работилница за грнчарство и можност да купите рачно изработен сувенир.  Следи разглед на  Пашабаги, со необичната формација на троглава самовила... а потоа посета на долината на имагинации Дервент, преполна со природни камени форми со ликови на животни, фасцинантни облици од камен, варовник и туфови карпи наречени - волшебни оџаци.  Посета на долината на љубовта и за крај кратка пауза за фотографирање во долината на гулабите. Враќање во хотел. Слободно време. Вечера.

 

По вечерата можност да присуствувате на религиозна церемонија – Танц на Дервишите, во автентичен амбиент на   SARIHAN Керван Сарај од 1259, сместен покрај некогашниот пат на свилата.(факултативно)

Доживејте ја магијата на единствената мистична изведба на Дервишите.  Ноќевање.

 

05 Ден  10.Март.2020: ЃОРЕМЕ,КАПАДОКИЈА - АНКАРА

Појадок. ... Полни со впечатоци, поаѓаме кон Анкара. По пристигнувањето во Анкара заминуваме на разглед на главниот град на Турција со локален водич (факултативно). Разгледување на стариот и новиот дел на Анкара, старата зграда на Парламентот од каде Кемал Ататурк ја прогласува Турската Република, зградата на новиот Парламент... посета на Големата џамија, Мавзолејот на Ататурк основачот на современа Турција. Сместување во луксузниот хотел Бера 5*. Во вечерните часови ве водиме во некој од големите шопинг центри.

 

06 Ден  11.Март.2020:

АНКАРА - СКОПЈЕ

Појадок. Во 08.00 поаѓање кон Македонија. Се патува покрај Истанбул, граничен премин Ипсала, преку Грција (Кавала, Солун), граничен премин Богородица, со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје по полноќ.

 

ЦЕНА  НА  АРАНЖМАНОТ, во зависност од изборот на хотел во Кападокија :

 

ХОТЕЛ во КАПАДОКИЈА  3/4* - Невшехир, Аванос, Ургуп

ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 31.01.2020159 € 9.900 ден

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 179  / 11.100 ден

 

“TOURIST HOTEL & RESORT CAPPADOKIA”4* - ЃОРЕМЕ  - Наша препорака !

  www.touristhotel.com.tr

 

Од просторот пред  хотелот полетуват балоните !

ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО  31.01.2020169 € 10 500 ден

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:189 € / 11.720 ден         www.touristhotel.com.tr

 

CAVE / STONE – ПЕШТЕРСКИ ХОТЕЛИ во ЃОРЕМЕ  - Наша препорака ! 

Појадок со поглед на балоните кои летаат над Вас !

“OSMANBAY” CAVE HOTEL,  “ZARA” CAVE HOTEL – Уникатно доживување, престој во реновирани пештерски куќи, луксузно опремени соби со ТВ, купатило и тоалет, клима/греење...

ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 31.01.2020179€ 11.100 ден

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:   199€ / 12.400 ден

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :

Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,

3 Полупансиони (шведска маса) во хотел Hotel Tourist 4*, во Гореме, во срцето на Кападокија.

 Од платото на хотелот, крајј прекрасниот базен, ќе го гледате полетувањето на балоните.      или

3 Полупансиони  во  CAVESTONE хотели  “OSMANBAY” CAVE HOTEL,  “ZARA” CAVE HOTEL во Гореме, во срцето на Кападокија.

Појадок шведска маса,вечера на база послужување во локален ресторан во Гореме.  или

3 Полупансиони  во хотел 3/ 4* во регионот Кападокија ( Невшехир, Ургуп, Аванос).ГРАТИС 1 ноќевање со појадок, (шведска маса) во центарот на Анкара во хотел BERA со 5*

 (За сите патници, 8-мо Мартовски подарок )

Посета на соленото езеро Туз Ѓолу,Организација на патувањето,Лиценциран, искусен туристички придружник на патувањето.

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

Задолжително патничко осигурување 250 мкд,

Разглед на Анкара со локален водич (10 €),

Голема Тура Кападокија, совлезници и  вклучен ручек (без пијалок) (45€),

Срцето на Кападокија со влезници и ручек (без пијалок) (45€),

Црвена Долина  со залез на сонцето (15€),

Турска вечер со шоу програма, вечера и неограничен пијалок- (35€),

Танц на дервишите /церемонија - (25€),

Лет со балон  - (од 180 €) . Ве молиме да се изјасните за желба за лет со балон при резервација

(Информација за дефинитивната цена  и можни слободни места ќе имаме  непосредно пред патувањето.)

Туристичка такса 300 ден по лице ( се плаќа во агенција )

Доплата за еднокреветна соба : хотели Кападокија 3600 ден, х.Турист 3900 ден, Cave: 4200 ден            

 

* За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.

* Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност според објавената денарска цена.

* За резервација на аранжманот задолжителна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

* Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање.

* Агенцијата го задржува правото на промена на редослед на излетите и посетите.

* Седењето во автобус е според датумот на уплатата.

* Останатите услови на патување важат според годишниот програм на т.а.Меридијан

 

*Можност за плаќање на 6 рати без камата*

 

КАПАДОКИЈА  -престолнина на древните Хетити

Областа Кападокија, денес дел од Турција, а некогаш нераскинлив дел на Византија, се наоѓа во покраината Невшехир. Во прашање е површина од околу 80 квадратни километри, сместени во централен дел на Анадолија, меѓу градовите:Невшехир, Аванос и Ургуп, со центар во Ѓореме. Областа Кападокија е вклучена во листата на УНЕСКО за заштитени природни реткости.

ЃоремеСрцето на Кападокија – Ѓореме, е главно собиралиште на сите туристи од цел свет. Сместено во процеп помеѓу две платоа, е почетна точка на сите излети. Балоните полетуваат од тука,најубавиот залез и изгрев на сонцето е тука, сите тури почнуват и завршуваат од тука: АТВ КВАД сафари, јавање камили, пешачки тури, јавање коњи, Турска сауна, масажа со лековита кал... Градче опколено со автентичен амбиент на Кападокија: со таканаречени самовилини оџаци, пештерски куќи кои се претворени во луксузни идилични хотели, многубројни ресторани,пабови, сувенирници. Место многу живо до касно во ноќта. Место каде се наоѓа најголемиот музеј на отворено со 30 цркви и капели со извонредни фрески 0д 9-11 век.. Најголем Монашки центар во период од 300-1200 год....со еден збор, наша најтопла препорака за сместување во Ѓореме.

Аванос: Градче со 12000 жители, на северниот брег на надолгата турска река Kizilirmak, некогашна римска Venessa,денеска познат по прочуената грнчарија од црвена глина. Грчаријата тукасе работела уште во времето на Хититите, чии дизајн и мотиви се уште се многу застапени. Грнчарските работилници се во стари, некогашни грчки куќи а работилниците се издлабени во меките стени. Градчето воопшто не потсетува на амбиентот на Кападокија.

Оддалечен 10 км од Гореме.

Ургуп: Некогашна Osiana, Agios Prokopios, e најисточено градче во централна Кападокија. За време на владеењето на Турците Селџуци, бил прогласен за центар на целиот регион. Во 1515 г. е дел од Османското царство и до 19 век имало 70 џамии, 5 цркви и 11 библиотеки. Денеска Ургуп е вински центар на Кападокија. Во центарот на местото, посебно во подножето на “Брдото на желбите”, сеуште може да се видат стари напуштени грчки куќи и остатоци од старите цркви во чија внатрешност се забележуваат и фрески. На брдото се наоѓа и Селџуцко гробје од 11 век.

Оддалечен 10 км од Гореме.Има 18.000 жители. Во центарот на градчето има  мали ресторанчиња, сувенирници. Делува на типично мало Анадолско градче со мал амбиент на Кападокија.

Учхисар (Uchisar)- “Три тврдини: Од далеку изгледа како да куќите висат една над друга, во подножјето на големата стена. Но штом се приближите, ќе видите големо градче со куќички покрај самиот пат кој кривуда околу литицата на големата стена. Некои од грчките куќи со релефна декорација,претворени се во мали хотели а другите се полусрушени нечии домови. Бајковитиот Учхисар личи на Вавилонска кула од древната Месопотамија во која живеел целиот човечки род, пред Господ да го прекине човечкото карање и им поделил различни јазици.

Учхисар е над Гореме, со околу 4.000 жители

 

Невшехир: Некогашen Neopolis I Muskara, брои околу 90.000 жители. Во околината на Невшехир се наоѓаат вулкански стени во кои имало некогаш живот.Прибежиште во ова пусто место било на оние кои што бегале од Римјаните. Еден период под Бизантиците, па Римјаните, Турците Селџуци,и од 15 век на Османлиското царство. Денешниот град го оснива Големиот Везир Damat Ibrahim Pasa, зет на Sultan Ahmed III. Градот се обновува со фонтани, медреси, хамам и добива ново име Nevsehir (нов град). Градот не е посебно туристички интересен а се користи за сместување на туристи кои доаѓаат во Кападокија, поради малиот број на сместувачки капацитети во околина а и пониската цена.

Оддалечен 15 км од Ѓореме.