• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

УРАНОПОЛИС

VILA THANOS 10 nokji (17)

 

Небесниот  Град... тоа е  капијата преку која се влегува во независната монашка држава Света Гора, последното место на Халкидики кое наликува на рајот што можете овде да го добиете. Уранополис е тесна граница меѓу ноќниот живот и аскетската духовност... до скоро речиси целосно  изолиран за масовен туризам, а сепак најатрактивно летувалиште заради небесно сината вода и волшебните плажи...Старата кула од Византискиот период на брегот од морето е симболот на овој град. Од овде секојдневно испловуваат бродови до Дафни-главното пристаниште на Света Гора, како и до ненаселените острови Дрениа и Магарешкиот остров прочуени по  прекрасните  плажи. Уранополис е преубав приморски град со недопрена природна убавина, златни песочни плажи, чисто море, неповторлива атмосфера. На само десетина километри пред градот е пристаништето Трипити, од каде со траект можете да пристигнете на Амоулиани - единствениот населен остров на Халкидики и тука неколку часа да уживате на преубавата песочна плажа Golden beach... Привилегија е да летувате во Уранополис, во местото во кое владее апсолутен мир, дестинација која досега беше позната само по хотелите кои се изградени надвор од градот.


Во нашата понуда за сезоната Лето 2020 повторно ја имаме вилата „Thanos“ што се наоѓа на самиот влез во  градот, со студија и апартмани кои имаат преубав поглед на раскошната морска непрегледност и на привлечните острови, опремени со мини кујни, ТВ и клима уред чие користење е вклучено во цената. Од најубавата плажа е оддалечена околу 300 метри.

 

Напомена: Сите сместувачки капацитети се во фаза на реновирање и ќе бидат готови за новата сезона. Фотографиите кои се сега поставени се од нереновирани студија и апартмани.  

                                                                       

-20% попуст за целосна уплата до 13.12.2019


                                                                                                           
Доплата за туристичка такса 0,5 евра од ден по студио/апартман
(се плаќа во агенцијата)
                                                                                              

- Цените во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз 

- Во студијата и апартманите дозволено е сместувања на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети 

-Сместувањето е првиот ден после 14: 00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09:00 часот по локално време 

- При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за одржувањето на хигиената. По завршувањето на Вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманот во пристојна состојба.

- Ве молиме по напуштање на студијата и апартманите да не оставате неизмиени садови и одпадоци

- Користењето на клима уредот е вклучено во цената.

 Сопственикот на вилата има право да реагира и да ја ускрати оваа услуга доколку го оставате апаратот да работи во времето додека сте на плажа или надвор од апартманот

- Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апартманот ја надоместува штетата на соспственикот на вилата на лице место 

- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Last Minute понуда да ги објави и продава останатите слободни капацитети во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе бјавени во ценовникот. Лицата кои предходно го уплатиле својот аранжман немаат право на надомест на средства на име на разлика во цена

- Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 евра 

- Организиран превоз 

- цена на повратен билет -35 евра , деца до 2 години бесплатно (без седиште) деца од 2- 12 години -25 евра