• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

AMELIA LUX APARTMANI (24)

 

Амелиа Лукс Апартманите се наоѓаат во Калитеа, на 100м оддалеченост од плажа, до плажа се доаѓа од дворот на вилата, се симнува по скали, или од околу може да се симне преку улица или пеш или со кола. Вилата е лоцирана над Хотелот Маргарита и скалите кој водат до плажа излагаат до истата плажа. Центарот на Калитеа е на 2мин пешачење, наспроти има маркет Мазутис, таверни, прехранбени продавници и бутици, рент а кар. Поред самата вила има паркинг, но не е гарантиран за гостите на вилата, бесплатен е за паркирање доколку се најде слободно место.

Сите апартмани имаат , клима, тв и интернет вклучен во цената, мини фрижидерче како во хотелите, не е погодно за количинско носење на храна или замрзнување. Чистење и промена на постелнина на 2 дена, пешкири следуваат по број на лица во соба. Не сите апартмани имаат кујни, и фрижидерите се мали без опција за количинско складирање на храна и пијалоци без замрзнувач, следи опис за секоја соба посебно:

 

Овие 3 соби се наоѓаат на 1ви спрат и имаат само решо за кафе или електрично ѓезве и бокал за загревање на вода, џакузи на тераса, сите 3 се со поглед на море / сите имаат тв , клима и интернет

 

1.Арго: (3+1)1 брачен кревет (160х200см)  + 1 еденечен (200х80) + софа за деца до 11.99 год (170х80см) / единечниот кревет е во посеба просторија, т.е при влез во студиото, не се физички одвоени со врата, туку ходник во кој се наоѓа wc посебно и туш кабина посебна, по овој простор следи спалната со софата, и од оваа просторија се излага на тераса. Кујна нема, има простор со решо и бокал за греење вода, мини фрижидерче како во хотелите, не е погодно за количинско носење на храна или замрзнување. Поглед према море. На терасата е џакузито и 2 лежалки / терасата е оделена со паравани.

 

2.Санторини (3+1) 1 брачен кревет (160х200)+ 1 единечен(200х80) +1 софа за дете до 11,99год ( 180х70см)  / единечниот кревет е оделен од спалната, се наоѓа на влезот во студиото, веднаш до него е тоалетот со туш кабина, се преоѓа преку ходниче во кое има решо и бокал за вода и мини фрижидер не е погодно за количинско носење на храна или замрзнување, и следна спалната со 1 софа за дете до 11,99год (180х70см) од спалната се излага на тераса со џакузи, каде има две лежалки и поглед на море, ова студио е со помала тераса од останатите 2 соби на први спрат.

 

3.Ира (2+1) 1 брачен кревет (160х200)  + 1 единечен за деца до 13год (190х80см) Единечното легло е при влез на студиото оделено од спалната со ѕид, тоалетот е со туш кабина, од спалната се излага на тераса со џакузи, на која исто има две лежалки и поглед према море. Има решо и бокал за вода, мини фрижидер не е погодно за количинско носење на храна или замрзнување и нема кујна за готвење.

 

Останатите соби, имаат стандардни мини кујни каде може да се зготви, фен, клима, тв, интеренет. И сите се наоѓаат на приземје со по 2 или 3 лежалки за секоја соба

 

4.Артемис – (4+1) 1 брачно легло (160х200см) + 1 единечен (200х90см) + 2 софи ( може 2 деца до 11,99 или 4то возрасно лице + Дете до 11,99год. Се наоѓа на приземје и гледа према море.

Целото студио е отворено се е во еден простор, кујната е оделена со шанк,  тоалетот е со туш кабина и се наоѓа на крај на студиото. Има регуларна кујна со можност за готвење, и мал мини фижидер не е погодно за количинско носење на храна или замрзнување. Пред студиото исто има 2 лежалки.

 

5. Калипсо 2 спален апартман во кој на влез во апартманот е едниот брачен кревет (160х200см) се поминува низ ходник во кој има софа за уште 2 лица (210х120см) погодна за 2 деца до 11,99год или 1 возр со 1 дете до 11,99год / по овој дел следи кујната со терпезариска маса и мини фрижидерче кое не е погодно за количинско носење на храна или замрзнување, и можност за готвење, веднаш по неа е тоалетот со туш, и на крај е спалната која се затвара со врата со брачно легло од (160х200см) во неа нема прозор, но затоа има апарат за провертување. Првата просторија каде е првиот брачен кревет не е физички оделен со врата од останатиот простор, едиствено последната спална се затвара со врата.

 

6.Афродити (2+1) 1 брачен кревет (160х200см) + 1 софа за дете до 11,99год (190х85см) Се наоѓа на приземје и гледа према море. При влез во студиото е софата за спиење, а спалната е одделена со ходник, во неа се наоѓа и мини кујната со мало мини фрижидерче кое не е погодно за количинско носење на храна или замрзнување, од спалната се влага во тоалетот со туш кабина. Пред собата има две лежалки.

 

7. Елени 1/2 еден брачен кревет (160х200см) во истиот простор со спалната е и кујната со мини фрижидерче кое не е погодно за количинско носење на храна или замрзнување, и се преоѓа во тоалетот со туш кабина и фен. Студиото се наоѓа на приземје и гледа према море, и има две лежалки пред него.

Собата Елени и Афродити, можат да се спојат со конектирана врата, во случај кога има поголема фамилија или друштво.

 

8. Атина  (4+1) 1 брачно легло (160х200см) + 1 единечен (200х90см)  + 1 софа (200х85) + 1 софа (270х90см) / целиот апартман е со отворен план, нема засебни соби за спиење, се е во еден простор исто и во апартманот се наоѓа внатрешно џакузи и кујна со мини фрижидерче кое не е погодно за количинско носење на храна или замрзнување, клима и тв. Апартманот се наоѓа на приземје и гледа према море, пред него има 2 или 3 лежалки.

 

9. Емилија (3+1) 1 брачно легло од (160х200см) + 1 единечен (200х90см) и еден тросед на расклопување (190х130см) погодно за 2 деца до 11,99год) кујната е во склоп на студиото со мини фрижидерче кое не е погодно за количинско носење на храна или замрзнување. Тоалетот  се наоѓа на крајот од студиото, и е со туш кабина и фен, исто така има клима и тв, студиото се наоѓа на приземје и гледа делумно према море бидејки има зеленило, пред него има 2 или 3 лежалки. Влезот на собата е шибер врата, стаклен целосен излог.

 

10. Миконос (1/4) 1 брачен (160х200см) + 1 единечен (200х90см) + 1 софа (250х80см) / студиото е од отворен план, кујната е во склоп на истото со мал мини фрижидерче кое не е погодно за количинско носење на храна или замрзнување, тоалетот е посебно од туш кабината, има клима и тв, и студиото се наоѓа на приземје и не гледа делумно према море бидејки има зеленило. Пред студиото има 2 лежалки.

 

11. Лида ( 3+1 ) Студио од отворен тип, има 1 брачно легло од (160х200см) + 2 софи за 2 деца до 11,99 или 3возрасно лице + 1 дете до 11,99год (210х90см)  во склоп на студиото е и кујната со мини фрижидерче кое не е погодно за количинско носење на храна или замрзнување, има клима и тв и тоалетот е на крај со туш кабина. Студиото се наоѓа на приземје и е свртено према море но нема поглед бидејки има зеленило, пред собата има 2 лежалки.

 

12. Елеонора (3+1) Студио од отворен тип, има 1 брачно легло од (160х200см) + 2 софи за 2 деца до 11,99 или 3возрасно лице + 1 дете до 11,99год (210х90см)  во склоп на студиото е и кујната со мини фрижидерче кое не е погодно за количинско носење на храна или замрзнувањер, има клима и тв и тоалетот е на крај со туш кабина. Студиото се наоѓа на приземје и е свртено према море и странично према друга вила но нема поглед бидејки има зеленило, пред собата има 2 лежалки.

 

ПРВИТЕ ЦЕНИ СЕ ИЗРАЗЕНИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ НАДВОР ОД ЛЕТНА СЕЗОНА И СЕ ЗА НАЕМ НА СОБА НА ДЕН, ЗА МИНИМУМ 2 ИЛИ 3 НОЌЕВАЊА

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО / АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА


ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕУР, ПЛАЌАЊЕ ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ ОД 61,8МКД

-15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 28.02.2019

-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 30.03.2019


(првите два и последните два термина од 7 дневните аранжмани се ПРОМО цени и на нив не следува попуст) 

 

термини ноќевања студио 2+1 студио 1/2 студио 3+1 Duplex
23.06-30.06 7 413 369 335 560
30.06-07.07 7 386 351 433 588
07.07-14.07 7 439 399 492 668
14.07-21.07 7 439 399 492 668
21.07-28.07 7 439 399 492 668
28.07-04.08 7 439 399 492 668
04.08-11.08 7 439 399 492 668
11.08-18.08 7 439 399 492 668
18.08-25.08 7 405 327 403 547
25.08-01.09 7 316 287 354 480
01.09-08.09 7 246 223 275 374
08.09-15.09 7 193 175 216 293
15.09-22.09 7 123* 111* 137* 186*
22.09-29.09 7 100* 100* 107* 146*

 

Туристичка такса се плаќа во самата вила при прием на рецепција по 1еур на ден за соба.

 

Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Калитеа чини:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја Недела)

Скопје (Дрводекор) – 35еур по лице

Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 40еур по лице

Струмица (БП Макпетрол кај нов кружен тек)-Трансфер до Удово – 40еур по лице

Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35еур по лице

Удово (бензинска пумпа Удово) – 35еур по лице

Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35еур по лице

 

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Кичево за Халкидики:

Битола – (Автобуска Станица Транскоп-на перон)-30еур по лице

Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола – 30еур по лице

Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола – 35еур по лице

Кичево (пред т.а.Меридијан) Трансфер до Битола – 35еур

Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 35еур по лице

Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 30еур по лице

Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена за Скопје, 15еур за Битола и Штип

Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште

Возрасни лица над 63год – попуст од 10еур

 

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

*Loyalty card – попуст 7% и не се комбинира со попуст за рана резервација и промо цените

*За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст

*Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до неполни 6 години во легло со родител

*Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус

*Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

*Важат Општите услови на СКТМ и т.а.Меридијан

 

ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ СКОПЈЕ-ХАЛКИДИКИ:

-3:40 Штип (паркинг пред пошта) Трасфер до Велес

-5:00 Струмица (БП Макпетрол нов кружен тек) Трансфер до Удово

-4:00 Скопје (Дрводекор)

-4:30 Велес (БП мотел Македонија)

-5:00 Неготино (БП Неготино)

-5:40 Удово (БП Удово)

-6:00 Граничен премин ( БП Шимов)

 

ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ ОД КИЧЕВО - ХАЛКИДИКИ

-4:00 Битола (Автобуска Станица Транскоп-на перон)

-3:15 Прилеп (БП Салида) Трансфер до Битола

-2:15 Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола

-2:15 Кичево ( пред т.а.Меридијан) Трансфер од Битола

-2:30 Охрид (БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола

-3:15 Ресен (спроти автобуска станица) – Трасфер до Битола

 

ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА:

15:00 локално време (14:00 Мак. време) Калитеа

14:45 локално време (14:00 Мак. време) Полихроно

14:30 локално време (13:30 Мак. време ) Ханиоти

14:15 локално време (13:15 Мак. време) Пефкохори

 

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето

Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.