VILA VRADIS (74)

ЛОКАЦИЈА

 

Вила Врадис се наоѓа во Ипсос на островот Крф на 100м од одалеченост од плажа позади АБ маркетот. Вилата располага со  трокреветни студиа.На само 2 минути од вилата е најголемиот маркет во Ипсос, АБ. Околу вилата има други вили. Секое студио располага со мини кујна (не во секоја кујна има рерна, во некои има само решо), wc+купатило, интернет и паркинг простор. Во студиата има брачен и единечен кревет. Во вилата нема клима.


Состанок во вечерните часови на ден пред почеток на аранжманот, односно секој петок. Поаѓање кон Остров Крф со попатни паузи и царински формалности. Предвидено е пристигнување во утринските часови во Ипсос.

Сместување во вилата е после 14:00 часот по локално време.

 

Во наредните 7 дена предвидени се факултативни посети на Град Крф, Тура Север, Плажа Глифада, Крстарње со брод и крстарње до Паксос и Антипаксос.
За посета на овие факултативни излети програмата ја добивате од нашиот локален водич првиот ден од кога ќе пристигнете на островот.

 

 

 

 

Што е вклучено во цената

– Превоз на релација Скопје – Игуменица – Скопје
– 7 ноќевања 8 дена во вила Врадис
– Туристички придружник за време на патување и претставник од агенција за време на престој

Што не е вклучено во цената

– Факултативни илзети
– Патничко осигурување
– Туристичка такса (3.5 евра од студио за 7  ноќевања која се плаќа задолжително на лице место во објектот)
– Повратна карта за траект – 20 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)
– Најдоле од понудата каде што пишува ВАЖНО има повеќе информации во врска со промо цените.
– Клима уред нема во вилата.

Важно
  • Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
  • За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени, не и на промо цените
    CHECK IN: ОД 14:00 ДО 16:00
    CHECK OUT: ОД 07:00 ДО 09:00
  • Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите, а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажана.
  • Двокреветни,трокреветни студиа (во двокреветните се додава дополнително легло за трето лице) и дуплекс апартмани.
  • Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
  • Ваучерите за рана резервација се користат исклучиво од лицата кои имаат склучено договор за патување со нашата агенција.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first/last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Дете од 0 до 2,99 години не плаќа за сместувањето и спие во кревет со еден од возрасните
  • Дете од 3 до 11,99 години кое користи сопствен лежај има 50% попуст од редовната цена(се однесува само на еден кревет во студиото) само во случај на двајца возрасни и дете од 3 до 11.99. Во случај на возрасен и дете од 3 до 11.99 години за дете се плаќа цела сума
  • Дете од 3 до 11,99 години кое го дели креветот со возрасен го плаќа само превозот 55 евра
  • Две деца од 3 до 12 години кои делат кревет имаат попуст од 50%
  • Цените во табелата се изразени по лице за 7 ноќевања,
  • За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет,
  • Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата
  •  Секој патник седи според бројот на уплата, доколку сакате да селектирате седиште истото се доплаќа 15 евра од седиште.
  • За сопствен превоз се одземаат 10 евра од цената на понудата (НЕ ВАЖИ ЗА ПРОМО ЦЕНИ ИЛИ ДРУГИ ПРОМОЦИИ)

 

Факултативни излети

 

-Тура на север (Палеокастрица и Сидари)-вторникЦена за пакет: 30e

 

-Целодневен излет со автобус. Групата ги посетува најпопуларните туристички дестинации во Палеокастрица и Сидари: плажата Палеокастрица со манастирот Богородица, се оди до највисоката достапна точка каде се гледа цела Палеокастрица, буквално најубавиот поглед на цел остров, Сидари, град познат по тунелот на љубовта и евтиното пиво.

 

-Посета на плажата Глифада и фабрика Василакис-понеделникЦена за пакет: 20e

 

-Kрстарење со брод-петокЦена за пакет: Цената на факултативниот излет ќе биде објавена пред почетокот на летото

 

-Целодневно крстарење со вклучен ручек. Групата се чека на пристаништето во Ипсос. Крстарење по североисточниот дел на островот. Попатни застанувања за капење на прекрасна дива плажа, каде и се прави пауза за ручек сервирана од капетанот на бродот.  Застанување на плажи кои се достапни само со брод.

 

-Посета на градот Керкира-неделаЦена за пакет: 10е