VILA LO LEFTERIS (17)

 

 Vila Lefteris Io се наоѓа на само 200 метри од плажата и на неколку минути од центарот на Неи Пори. Тоа е релативно нова вила, има лифт и пространо фоаје со рецепција. Сите осуманесет соби се опремени со нов, модерен мебел, целосно опремена кујна (мини електричен шпорет без рерна, садови, мал фрижидер), купатило, SAT и кабловска TV, интернет и клима која дополнително се наплаќа по 5 евра дневно. Сместувачките капацитети во оваа вила се двокреветни, трокреветни, четирикреветни и петкреветни апартмани и дуплекси, сите опремени со француски и единечни кревети. Се наоѓаат на прв, втор и трет спрат од вилата. Терасите се многу пространи, а мал дел од нив имаат поглед на море. Сите соби имаат крпи кои се менуваат еднаш на десет дена, а постелнината се менува на 5 дена. Чистењето на собите е на денот на новата смена. Пред вилата Lefteris Io има простор за паркирање, а во вилата има просторија за оставање на багажот на последниот ден од престојот. 

 

 

 

Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз  Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети    Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време При сместувањето влегувате во чисти соби , но за време на престојот сами се грижите за одржувањето на хигиената.По завршувањето на вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманотво пристојна (чиста) состојба. Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апратманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место. Организаторот на патувањето го зарджува правото по пат на LAST MINUTE понуда да ги објави и продаде останатите слободни капацитетеи во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои предходно го уплатиле својот аранжман немаат право на надомест на средства но има разлика во цена. Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари!

Легенда:

1/2 стд – двокреветно студио

1/3 стд – трокреветно студио

1/2 пстд – двокреветно студио на приземје

1/3 пстд – трокреветно студио на приземје

1/4 апп – четирикреветен апартман

1/5 апп – петкреветен апартман

1/4 дуплекс – четирикреветен апартман со две одвоени спални соби и издвоена кујна

1/5 дуплекс – петкреветен апартман со две одвоени спални соби и издвоена кујна