• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

САЛЦБУРГ, МИНХЕН и ИНСБУРГ (15)

 

1 ден (петок ) 06.03.2020 САЛЦБУРГ

Состанок со групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn 11:30 ч и поаѓање за Салзбург во 12:00ч . Дневно и ноќно возење низ Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

2 ден (сабота) 07.03.2020 САЛЦБУРГ

Пристигање во Салцбург во предпладневните часови. Разглед на градот : градина на Дворецот Мирабел, куќата на Моцарт, стариот плоштад, плоштадот на Моцарт, катедрала, глокеншпил, надбискупска резиденција, најстарите гробишта и најстариот ресторан во Европа од 8 векСместување во хотелСлободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

 

3 ден (недела) 08.03.2020 САЛЦБУРГ - МИНХЕН

Појадок. Заминување за Минхен. Пристигање во Минхен и  разглед на градот со локален водич: Дворецот Нимфенбург( без влезница), летната резиденција на Вителсбахови, резиденција Максимилианеум, националната опера и театар, галерија на нови и стари Пинакотеки, центарот на градот со Мариенплац, плоштадот Виктуалиенмаркт. Слободно време за индивидуална прошетка низ центарот на Минхен со можност за посета на најстарата пивница (Hofbräuhaus München). Во вечерните часови сместување во хотел. Ноќевање.

 

4 ден ( понеделник) 09.03.2020 ДВОРЦИТЕ НА БАВАРИЈА ( Ноешванштајн и Линдерхоф) – Оберамергау

Појадок. Факултативно, посета на бајковитиот дворец Ноешванштајн еден од трите дворци на Лудвиг II , подигнат на карпа во стилот на старогермански витешки замок, кој го инспирирал Волт Дизни да ги направи препознатливите шпици за бројни цртани филмови. Потоа следи посета на најрепрезентативниот дворец – палатата на Лудвиг II, Линдерхоф (првобитно изграден во време на Максимилијан II за потребите за лов, кој потоа Лудвиг II искажувајќи ја максимално својата екстравагантност го преуредил во рококо стил а своите соби ги позлатил нештедејќи на средства). Целодневното патување низ живописната Баварија завршува со посета на малото гратче Оберамергау, светски познат по традиционалната манифестација Христовото страдање на патот на Голготата, на која се посветени сите мештани за време на подготовките и одржување на свеченоста. Голем број сцени од Христовото страдање се насликани на скоро секоја фасада на куќите од ова мало градче по што е и препознатливо. Во попладневните часови враќање во хотел. Ноќевање.

 

5 ден (вторник) 10.03.2020 МИНХЕН - Светот на Сваровски ( Swarovski Kristallwelten), Ватенс- Инсбург

Појадок. Напуштање на хотелот и заминување за Ватенс. Посета на Светот на Сваровски кристалите. Сваровски е водечки светски произведувач на брусени кристали ширум светот, а нивните кристали се дел и од креациите на повеќе познати светски дизајнери. По завршување на обиколката на магичниот свет од кристали со импозантен влез, зелен брег во форма на глава со очи од кристали и уста од која извира водопат. Можност за купување накит од Сваровски кристалите по фабрички цени во продажниот салон во комплексот. Потоа, прошетка  низ еден од наубавите австриски градови Инсбург именуван по реката Ин која поминува низ него.Слободно време. Во попладневните часови заминување за Скопје. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.


6 ден (среда) 11.03.2020  

Пристигање во Скопје во попладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  189 еур за уплата до 20.12.2019

 

Цената на аранжманот вклучува:

Превоз со високотуристички автобус на наведената дестинација

1 ноќевање со појадок во хотел 3* Салцбург ( вон централно подрачје) и2 ноќевања со појадок во хотел 3* Минхен ( вон централно подрачје)

Прошетка низ Инсбург

Професионален лиценциран пратител за време целото патување


Цената на аранжманот не вклучува:

Разглед на Салцбург 10 еур ( задолжителна доплата)

Разглед на Минхен 10 еур ( задолжителна доплата)

Влезница за Дворците на Баварија (Ноешванштајн и Линдерхоф) и посета на Оберамергау – задолжителна доплата 40 еур

Посета и влезница за Светот на Сваровски кристалите Swarovski Kristallwelten 30 еур

Задолжително патничко осигурување


  НАПОМЕНИ:

- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници

- Плаќањето се врши исклучиво во денарска протввредност 1 евро = 62 денари

- Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето 

- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата како и цените на факултативните излети во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.

- За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А.Меридијан