VILA RIGAS (2)

 

СКИЈАТОС
Скијатос еден од најатрактивните од групата острови Споради на Егејското море.  Со површина од 48 kм2, Скијатос е познат по долгите песочни плажи, борова шума и кристално чиста вода. Скијатос е остров со 66 песочни плажи со различен карактер: Vromolinos и Banana за млади каде преку целиот ден се сервира модерна музика, хитови и party атмосфера; Најубав песок има на плажата Kukunaris; со најубава боја на морето мами плажата Megali Amos; а ако повеќе сакате плава боја во сите нијанси со својот изглед ќе ве освои Agia Paraskeva и Trulos. Сите случувања се во главниот град Скијатос, познат по забавата до утринските часови

ВИЛА РИГАС 
 Vila Rigas – Skiathos се наоѓа на 4 км од центарот на Островот, на само 5 мин од прекрасната песочна плажа Ахладиес. Се наоѓа на станица бр. 10(Ахладиес). Располага со двокреветни и трокреветни студиа, опремени со кујна, бања, клима уред и безжичен интернет. Сите соби се на први кат.На приземје има маpкет и гирадико.

 

 

 

НАПОМЕНА

Цените се дадени по лице за 9 ноќевања со вклучен автобуски превоз и карта за траект

Трето лице попуст 30%, дете од 2 год. до 12 год. плаќа 50%
Цена за превоз за дете од 2 год. до 12 год. 80€ / 4.944 мкд (без аранжман) дете до 2 год.- бесплатно (без седиште)
Цена за превоз за возрасен 110€ / 6.798 мкд (без аранжман)
За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А.Меридијан
За пакет аранжман од 9 ноќи со сопствен превоз се одбива 30€ од вкупната цена по лице, за деца до 12 год. 20€

Користењето на собите започнува првиот ден од 14:00 часот по локално време, а се напуштаат во 09:00 часот локално време последниот ден!
Поаѓање од Скопје од Автобуска станица, еден ден пред наведените датуми во 22:00 часот.
Враќање последниот ден во попладневните часови!

Во случај на промена на времето на тргнување на траектот од Волос  до Скијатос и обратно, агенција го задржува правото на промена на програмата


BAЖНА НАПОМЕНА

За резервација задолжително уплата аванс 30% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување.
За резервации направени на EARLY BOOKING, целосна уплата до наведениот датум
Задолжително здравствено и патничко осигурување 240 мкд (за лица до 65 години) за пакет аранжман од 7 ноќевања, и 310 мкд (за лица до 65 години) за пакет од 9 ноќевања.
Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

За хигиената во собите за време на престојот се грижат самите гости, сите настанати штети за време на престојот се на товар на патниците!
Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот
За ова патување потребен е валиден биометриски пасош (минимум важност 90 дена од денот на враќање во државата) и бел лист (виза не е потребна); не се потребни посебни вакцини.
Цените се дадени по лице во евра, плаќањето е во денари  (1 еур = 61.8 мкд.)
т.а. „Меридијан“ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
Секој нов данок (за престој или слично) кој може да стапи на сила од јануари 2018 година ќе се плаќа по пристигнување во хотелот или апартманот директно од клиентот
Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
Во смените означени со (*) - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПОПУСТ НЕ ВАЖИ