• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

НОВА '20 - автобус

ИСТАНБУЛ сигурна реализација 3 ноќи (65)

 

 Дочекот за Нова Година 2020 на приватен брод на Босфорот со резервација во агенција 60€ по лице (ограничен број) редовна цена 65€  – Програма за сите генерации, забава, награди и многу изненадувања со феноменалниот Бока Конга. 

На нашето мени, освен одлична забава имаме и неограничен алкохол, шведска маса, наградна игра и безброј изненадувања.
Ваше е да се наполните со позитивна енергија, а наше да подготвиме забава за паметење! 
*Прославата за Нова Година не спаѓа во пакетите за факултативите!

 

Прв ден 28.12.2019 (Сабота) ИСТАНБУЛ
Состанок на групата во 15:30. Тргнување за Истанбул во 16:00ч

 

Втор ден 29.12.2019 (Недела) – ИСТАНБУЛ
Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Во зависност од расположливостa на собите во хотелот, доколку има слободни соби, сместувањето е веднаш. Доколку нема, според правилата check in ќе биде после 14 часот по локално време (агенцијата секогаш се труди патниците веднаш да влезат во собите, но не сносува одговорност доколку собите не се ослободени).

НАПОМЕНА: Доколку не успеат сите патници да влезат во собите, се оди на тура со цел да не се пропуштат локалитетите, а ќе влезат во хотел по завршувањето на разгледите).

Во договор со организаторот и претставник од агенцијата, во одредено време групата што има уплатено за Босфорот, Долмабахче и панорама, се чека на рецепцијата од хотелот со локалниот водич и се упатуваме кон разгледите. Следува прекрасното крстарење по Босфорот.

Босфор

90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу.

Веднаш потоа се упатуваме кон Долмабахче палатата.

Долмабахче палата – Турскиот Версај

Првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19 и 20 век, претходна некогаш и главна (во 16 и 17 век) Отоманска империја.

По Долмабахче следи Панорамамскиот разглед на Европски и Азиски Истанбул

Панорамски разглед на азиски Истанбул

Следува денски панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со лиценциран локален водич со посета на Чамлиџа. Автобуска екскурзија со која се доживува неверојатно искуство со преминување од европската во азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор. Краток престој на азискиот дел наречен Чамлиџа, од каде има неверојатен панорамски поглед кон европскиот дел и Босфорот.

Враќање во хотел. Слободно време.

 

Трет ден 30.12.2019 (Понеделник)

Појадок. Во договорено време групата се чека рецепција и се упатува кон населбата Аксарај, историскиот дел на Истанбул, каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали чаршија. Преку пешачката тура ќе имате можност да се запознаете со околината и крајната цел Сината џамија, Хиподромот, Аја Софија и Топ Капи палатата.

Аја Софија

Посета на Аја Софија со локален лиценциран водич. Музејот Св. Софија е ремек дело на византиската уметност. Црквата е изградена за време на владеењето на царот Јустинијан во 6-от век и е посветена на  Божествената мудрост. Изградена е за 10 години од 10.000 луѓе и 100 архитекти. Таа е третата црква изградена на ова место. Во тоа време била најголемата црква која постоела во Европа и успеала да го задржи овој статус до изградбата на Свети Петар во Рим. Внатрешноста е украсена со прекрасни византиски мозаици од 6 до 13 век. Света Софија или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна црковна престолнина на Византиската империја во Константинопол (денешен Истанбул) и е претворена во џамија од страна на османските освојувачи во 1453-та година. По 1934-та е претворена во музеј.

Топкапи палатата

Ова е палатата на Султаните, изградена на површина од 700.000 квадратни метри. Дворецот се состои од три главни делови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучува различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, светите мошти и царските архиви останале на чување во Топ Капи и по преместувањето на султаните во Долмабахче. По зaвршувањето на разгледите, групата има слободно време за индивидуални активности.

Јеребатан

Цистерните изградени за потребите на населението во Истанбул, кој со векови беше главен град на Византија и Османлиското царство, денес се незаменлив дел од културното наследство на овој град. Еден вид ризници на културата на Истанбул, градот со долга историја, се цистерните Јеребатан (Базилика), Нуруосманије, Бинбирдирек и Серефије.

Поради недостаток на извори на вода, изградени се голем број цистерни, со цел во текот на летниот период да бидат достапни доволни количини вода. Овие градби, кои потекнуваат од периодот на Римското и Византиското царство, биле од отворен и затворен тип. Изградена е по побуната Ника во 532 година од страна на царот Јустинијан I, а ја граделе 7.000 работници. Бидејќи е изградена на место на базилика, која е уништена во пожар во 475 година, го носи и називот цистерна Базилика.

По завршувањето на овие факултативи, групата се враќа во хотел, каде има слободно време се до вечерните часови, кога ќе се оди на ноќен Истанбул.

НОЌЕН ИСТАНБУЛ СО САФИР ТЕРАСИ И ТАКСИМ

Оваа посета значи панорамски разглед на Истанбул со автобус, во вечерните часови кога градот се трансформира во градот на светлоста и убавината. Се поминува крај бизнис делот на Истанбул каде се наоѓаат големите холдинзи, облакодери и високи згради, секоја со свое посебно светло. Се посетува највисоката зграда во Турција (236м) Sapphire Seyir Terasi (панорамска тераса), можност преку четиридимензионалното небесно возење до хелихоптер над Истанбул да ги посетите најзначајните знаменитости: Галата Кула, Златниот Рог, Сината Џамија, Аја Софија, Топ Капи, Девојачката Кула. Оттаму се упатуваме на Таксим каде имаме слободно време на еден од најпознатите плоштади на светот.

Враќање во хотел, ноќевање.

 

Четврт ден 31.12.2019 –(Вторник)

Појадок. Слободен ден се до вечерните часови кога во договорено време има состанок на групата на рецепција и следува дочекот на НОВАТА 2020та година на БОСФОРОТ. Програма во подготовка!

 

Петти ден 01.01.2020 (Среда) ИСТАНБУЛ

По појадокот, одјавување и поаѓање од хотелот во договорено време. Групата се упатува кон фабриката за производство на најпознатите турски слатки „Коска“, каде по фабрички цени можете да си купите оргинални турски баклави, локуми и секакви останати деликатеси. Потоа групата, се упатува кон познатиот трговски центар ФОРУМ Истанбул, каде се наоѓа најголемиот аквариум во Европа. Слободно време од околу 4 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“ кој е првиот гигантски аквариум во Турција, кој на посетителите им нуди можност да пливаат меѓу петте тигар ајкули и да ги хранат. Водениот базен има површина од 8000м2 , а неговата вредност изнесува 17 милиони евра. Покрај 2.5 метарските тигар ајкули во слатките и солените води на аквариумот живеат и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените. Благодарение на специјалните тунели кои се дел од објектот, посетителите уживаат во 270 степенската панорама. Всушност тука се наоѓа и еден од најдолгите поздемни тунели во светот 80м должина. Седум нуркачи редовно ги чистат водните басени во аквариумот и ги хранат ајкулите, некои и со гола рака.

Планирано тргнување за Македонија некаде околу 16:00 по турско време. Пристигнување во Скопје во утринските часови.

 

Шести ден 02.02.2020 (Четврток) 

Пристигнување во утринските часови.

 

 

99 евра со задолжителна резервација за новогодишната прослава на Босфор,

109 евра (без задолжителна прослава) 
 Редовна цена 129евра

 

 


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

•          Превоз со високотуристички автобус

•          Сместување во хотел со 3* на база3 НП во Аксарај/Лалели

•          Посета на трговски центар Форум Истанбул

•          Фабрика за слатки Коска

•          Туристички пратител на програмата

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

•         задолжително патничко осигурување

•          факултативните излети:

•          Аја Софија со лиценциран водич и аудио слушалки – 20 евра

•          Топкапи палатата со лиценциран водич – 20 евра

•          Јеребатан со лиценциран водич – 15

•          Крстарење по Босфорот – 20 евра

•          Долмабахче палата со лиценциран водич – 25 евра

•          Ноќен Истанбул и Сафир Сехир Тераси – 25 евра

•          Панорамски разглед на Азиски Истанбул – 15 евра

•          Туркуазу Аквариум –15 евра

 

ТРАНСФЕРИ:

•         Битола, Прилеп – 10 евра

•         Штип – 10 евра

•         Охрид, Струга, Ресен, Кичево – 15 евра



Агенцијата го задржува правото за измена на редоследот на излетите и посетите по денови и сатници.

 

ПАКЕТ НА ФАКУЛТАТИВИ

SILVER ПАКЕТ – 75евра (редовна цена 85евра)

•          Панорамски разглед

•          Крстарење по Босфорот

•          Долмабахче Палата

•          Ноќен Истанбул – Сафир Сехир Тераси – Таксим

 

GOLDEN ПАКЕТ – 140евра (редовна цена 155 евра)

•          Аја Софија

•          Топкапи

•          Јеребатан

•          Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул

•          Крстарење по Босфорот

•          Долмабахче палатата

•          Ноќен Истанбул и Сафир Сехир Тераси

•          Туркуазу аквариум

 



ИНФОРМАЦИИ:

•          За first minute цената се уплатува 30% аконтација за сигурна резервација. Остатокот се плаќа до една недела пред реализација на аранжманот

•          За сингл соба се доплатуваат 50 евра дополнително од аранжманот

 

Попусти за деца:

•          Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)

•          Деца од 3 до 12 години (со двајца возрасни) плаќаат 50 евра

•          Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројката на патници

НАПОМЕНИ:

•         Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
Можност за резервација на седиште доплата 5 евра по лице

•          Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

•          Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.

•          Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.

•          Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.

•          Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.

•          Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.

•          Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.

•         ВАЖНО: Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ или Турција.

•          Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.

•          Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.

•          Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Турција, пасошот треба да е минимум до 6 месеци пред истекување, во спротивно можно е да не биде пуштен на територијата на Република Турција. Агенцијата не сносува одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.

•          Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.

•          Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.

•          Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сносува одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.

•          Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.

•          За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.

•          Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.

•          Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.

•          Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Т.А.Меридијан ќе ги проследи барањата до хотелот, но не гарантира за исполнување на истите.

•          Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.

•         Т.А.Меридијан не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.

•          Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.

•          Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.

•          Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)

•          ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.

•          Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.

•          Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.

 

Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.