HOTEL OASIS, VILA SOTIRIS, LIMANI, ELI, MARIANA i ANDREAS sopstven prevoz (9)

 

Еден од најубавите острови, богат со шума е островот Крф кој се наоѓа на Јонското море. Неговите градови одскокнуваат од грчката традиција и се приближуваат до медитеранските населби. На островот со преубави плажи се наоѓа и самиот град Крф кој представува голем туристички центар со многу зеленило и мали островчиња.

 

ХОТЕЛ OASIS **+

Едноставен и многу пријатен хотел. Се наоѓа во центарот на Касиопи, непосредно до главниот плоштад како и до шетачките улици, опколен со бројни продавници, маркети и ресторани.Одалечен од градската плажа Kalamionas околу 150 метри и од најубавата плажа Bataria околу 250 метри. Хотелот има рецепција, ресторан, сеф, голема хотелска тераса со зеленило. Хотелот поседува аниматорска служба за деца и базен. Собите се конфорни со два стандардни кревети со можност да се додаде помошен кревет, клима, ТВ, фрижидер, купатило, тераса. Појадокот е континентален.

 

ВИЛА SOTIRIS

Преубава вила во центарот на Касиопи, околу 100 метри над главниот плоштад каде има бројни продавници, маркети и ресторани. Непосредно до вилата се наоѓа базен со дел за деца. Одалечена од најубавата плажа Bataria не повеќе од 300 метри. Апартманите се со модерен намештај, една или две спални соби и простор за дневен престој каде се наоѓа додатен стандарден кревет, трепезариска маса, кујна (фрижидер, апарат за кафе, мини шпорет со две рингли и рерна, прибор и садови според бројот на гостите), купатило-туш, тераса со гарнитура за седење.

 

ВИЛА LIMANI

Стандардно опремена вила сместена над самиот брег во близина на шеталиштето. Одалечена од најубавата плажа Bataria околу 200 метри.Располага со голема тераса со базен свртена према море. Студио 02 се наоѓаат на приземје, поседуваат два стандардни кревети, кујна (фрижидер, мини шпорет со две рингли, прибор и садови според бројот на гостите), купатило-туш. Апартман 02+1 се состои од спална соба со два кревети, трепезарија до додатен кревет, трапезариска маса и кујна(фрижидер, мини шпорет со две рингли , прибор и садови според бројот на гостите), купатило-туш, тераса со гарнитура за седење. Апартман 04+1 се состои од две одвоени спални соби и простор за дневен престој со додатен кревет, трапезариска маса, кујна (фрижидер, мини шпорет со две рингли, прибор и садови според бројот на гостите), две купатила-туш, тераса со гарнитура за седење.

 

ВИЛА ELI

Вилата има привилегирана локација во центарот позади самото шеталиште каде има бројни продавници, маркети и ресторани. Одалечена од најубавата плажа Bataria не повеќе од 300 метри. Апартманите се пространи со стандарден намештај, две спални соби и голем простор за дневен престој со трапезариска маса и кујна(фрижидер, апарат за кафе, шпорет со четири рингли и рерна, прибор и садови според бројот на гостите), купатило-туш, тераса со гарнитура за седење.

 

ВИЛА MARIANA

Вилата е сместена во мирна улица од центарот на Касиопи на околу 100 метри од плажата Kalamionas. Непосредно до вилата се наоѓа и базен со дел за деца. Студио 02 се со два стандардни кревети, кујна ( фрижидер, шпорет со две рингли , прибор и садови според бројот на гостите), купатило-туш, тераса со гарнирура за седење.

 

ВИЛА ANDREAS

Многу пријатна вила сместена во мирна улица во самиот центар на Касиопи на околу 100 метри и 250 метри од градската плажа.Во непосредна близина се наоѓаат голем број таверни, продавници и голем маркет. Апартмани 02/03 имаат два стандардни кревети, или француски и еденечен кревет, кујна(фрижидер, шпорет со две рингли , прибор и садови според бројот на гостите), купатило со туш-када, тераса со гарнитура за седење. Апартмани 04 имаат две одвоени спални соби со по два стандардни кревети, одвоен кујнски простор ( фрижидер, шпорет со две рингли , прибор и садови според бројот на гостите) тераса со гарнитура за седење.

 


 

ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА ЗА БРОЈ НА НОЌЕВАЊА ПО ЛИЦЕ, БЕЗ ПРЕВОЗ

Доплати:

Вила LIMANI, SOTIRIS, ALEKSANDRA, хотел OASIS - климата се доплаќа 5 евра на ден по студио/апартман;

Напомена:

Во студијата и апартманите се влегува првиот ден по 14.00 часот а се напуштаат последниот ден до 10.00 часот. Студијата и апартманите се чистаат еднаш на три дена а постелнина се менува на половина смена. Додатните односно помошните кревети во Грција се секогаш на расклопување и со помала димензија од стандардните.

Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 61.8 денари.

 

ХОТЕЛ OASIS **+

 

ВИЛА SOTIRIS


ВИЛА LIMANI


ВИЛА ELI

 

ВИЛА MARIANA


 

ВИЛА ANDREAS