• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ВЕНЕЦИЈА и ВЕРОНА (5)

 

Венеција... град чудо, град од соништата кој плени со своите разнобојни палати, канали, тесни улички, безброј мовчиња, мали плоштади... Волшебниот Венецијански карневал и гондолата се симболи на Венеција.

Верона... асоцијација на љубовта позната по Шекспировата Ромео и Јулија.

 

1 ден

Поаѓање во 15 часот со туристички автобус. Патот води преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.


2 ден 

 Пристигнување во Трст во утринските часови. Слободно време за прошетка низ центарот на градот. Се продолжува за  Лидо Ди Јесоло, со попатна посета на трговскиот центар Палманова. Сместување во хотел и слободно попладне во Лидо Ди Јесоло. Ноќевање.


3 ден 

 Појадок. Целодневен излет со брод од Punto Sabione до Венеција и панорамско разгледување на градот: плоштадот и црквата Сан Марко, Дуждевата палата, мостот на воздишките, мостот Риалто, каналот Гранде. Слободно попладне за прошетка со можност за возење со Гондола - симболот  на Венеција. Враќање со брод во Лидо Ди Јесоло. Ноќевање.


4 ден 

Појадок. Факултативен излет до Верона - градот на Ромео и Јулија. Панорамско разгледување на градотголемата арена, куќата на Јулија, плоштадите Бра, Ербе и Дел Сињори, замокот Векио итн. Поаѓање за Македонија преку Словенија, Хрватска и Србија. Ноќно возење со попатни паузи.


5 ден 

Пристигнување во утринските часови.

 

Цена: 7.600 денари

 

Во цената се пресметани следните услуги:

автобуски превоз на дадената релација
2 ноќевања со појадок  во хотел со 3* во Лидо Ди Јесоло
разгледување на Венеција со локален водич
лиценциран придружник на екскурзијата

 

Во цената не се пресметани следните услуги:

задолжително патничко здравствeно осигурување без франшиза (200 ден)   
превоз со брод до Венеција од Punta Sabione  - 15 еур
целодневен излет до Верона - 20 еур
влезници за културно историските споменици