VILA PANTHEA (17)

 

Vila Panthea е сместена во блага височинка, опкружена со богато зеленило, оддалечена околу 650 метри од центарот на Парга и 800 метри од градската плажа. Поради својата идеална позиција, овозможува уживање на сонцето и неверојатен поглед на заливот Парга. Во понудата имаме удобни и убаво уредени двокреветни и трикреветни комфорни студија кои се наоѓаат на приземје, прв или втор спрат. Студијата се опремени со купатила, чајна кујна наменета за подготовка на полесни оброци (фрижидер, мини електричен шпорет, садови за јадење), клима уред чие користење се доплаќа 5 евра од ден, WiFi со слаб сигнал, сеф за кој се доплаќа по 2 евро од ден. Терасите се опремени со гарнитури за седење и заштитени со тенда или чадори. Вилата има убаво уреден двор со игралиште за децата, како и заедничка тераса со директен поглед на море. Приватниот паркинг има ограничен број на места ( само 7 кои не можат однапред да се резервираат), но гостите можат да се паркираат и на улицата во непосредна близина на објектот. Студијата се чистат секој ден, а крпите и постелнината се менуваат на три дена. Вилата Panthea нуди пред се апсолутна удобност и задоволство и е идеална за оние кои сакаат авантура.

 

 

 

Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз 

  Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети    Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време

При сместувањето влегувате во чисти соби , но за време на престојот сами се грижите за одржувањето на хигиената.

По завршувањето на вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманотво пристојна (чиста) состојба. Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апратманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место.

  Организаторот на патувањето го зарджува правото по пат на LAST MINUTE понуда да ги објави и продаде останатите слободни капацитетеи во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.

Лицата кои предходно го уплатиле својот аранжман немаат право на надомест на средства но има разлика во цена. Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари!