• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

КОПЕНХАГЕН (15)

 

21 март КОПЕНХАГЕН 

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 11.30 часот. Полетување во 13.20,  авионот слетува во Копенхаген во 16.10 часот. Организиран трансфер  до хотел . Сместување во хотел. Вечерна пошетка за запознавање на градот. Ноќевање.

 

22 март  КОПЕНХАГЕН

Појадок. Разглед на средновековната Данска престолнина Копенхаген: Палатата Амалиенборг, резиденција на Данските Кралеви, Градското собрание, Парламентот на Данска во Палатата Кристијансборг, Операта, Кралската библиотека, Дворецот Розенборг, симболот на градот “Малата сирена”, создадена според истоимената бајка од Ханс Кристијан Андерсен... Прошетка по најстарата пешачка зона во светот Строгет, со препознатлив „скандинавски дух“ и едноставни фасади со живи бои, канали и готски цркви. Слободно време за посета на пивницата Carlsberg и можност за дегустација на познатото данско пиво. Во вечерните часови, препорачуваме возење со брод по каналите на Копенхаген и доживување на боите на градот од морската страна. Ноќевање.

 

23 март  ДВОРЦИТЕ НА СЕВЕРЕН ЗЕЛАНД

Појадок. Препорачуваме факултативен излет до Дворците на Северениот дел на островот Зеланд. Посета на Дворецот Фредериксборг во Хилерод, најубавиот Дворец во Данска, сместен на три острови во средината на езерото. Во богато украсената внатрешност на Дворецот, е поставен данскиот историски музеј, а барокната градина во околината, е една од најубавите градини во Данска. Панорамската турнеја продолжува по данската ривиера до Елсинор, каде се наоѓа Кралскиот Дворец познат по делото Хамлет на големиот писател Вилијам Шекспир. Враќање во Копенхаген во попладневните часови, возејќи се по “Златниот брег”. Во вечерните часови, можност за посета на историскиот забавен парк Тиволи со многу атракции и ресторани. Ноќевање.

 

24 март КОПЕНХАГЕН 

Појадок. Одјавување од хотел. Ден за слободни активности, можност за посета на пивница, крстарење ... Организиран трансфер до аеродромот. Авионот за Скопје полетува во 21.35 часот. Пристигнување во 00.15 часот на аеродромот Александар Велики.

 

За рана уплата до 15.01: 359 евра   (22.260 мкд)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 399 евра   (24.740 мкд)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Авионски превоз на релација Скопје-Копенхаген-Скопје

- Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см)

- Организиран трансфер Аеродром-Хотел-Аеродром

- Сместување во Хотел 3* во Копенхаген на база 3 ноќевања со појадок

- Организиран разглед и прошетки во Копенхаген според програмата

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Аеродромски такси 3.990 мкд

- Голема кабинска торба (со димензии 50х40х23см) 2.000 мкд / чекиран куфер до 10кг - 3.100 мкд /  до 20кг – 4.100 мкд 

- Екскурзија до Дворците на Северен Зеланд  - 80 евра

- Туристичка такса 600 мкд  - се плаќа во агенција

- Влезници во локалитетите, карти за локален превоз

- Патничко – здравствено осигурување

 

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.  

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи.

За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации. 

За овој програм важат Опшите Услови на патување на  Т.А.Меридијан


Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

Начини на плаќање:

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. 

При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата (важи и за цената во предпроидажба).

Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање. 


Општи напомени за патување:

Т.А.Меридијан го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.

За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. 

Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.