• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

VILA ELENA (74)

 

Вила Елена се наоѓа во Дасиа на островот Крф на 450 метри  одалеченост од главната плажа. Вилата располага со двокреветни и трокреветни студиа. Студиата се опремени со мини кујна, купатило+wc. Студиата се наоѓаат на приземје. Сите простории поседуваат wi-fi мрежа. НЕ сите од студиата располагаат со клима уреди, доколку некој сака да користи клима уред за време на одморот тоа го најавува во агенција при уплата. Вилата се наоѓа во околина која е типична за селце на островот, односно при вашето престојување во неа ќе имате чувство како да сте во село на планина. Од градина со локални сезонски растенија и овошки до животни и птици. Како што му доликува на островот. Вилата е поевтина од останатите вили со коишто располагаме поради локацијата и поради организираноста во неа. За сите коишто бараат евтин одмор на островот ова е вистинската прилика. Во непосредна близина на вилата се наоѓаат маркети и ресторани на околу 100 метри. Вилата се наоѓа на тивка и мирна локација. Вилата се наоѓа во област во која се наоѓаат едни од најубавите плажи на островот Крф кои во 2018та година беа обележани со „сино знаме“. Битно е да се потенцира дека не во секоја кујна има рерна, во некои има само решо. Вилата е од Б категорија


Koрдинати: 

39.678654, 19.836183



Термин Редовна цена          попуст
01.06 – 08.06.2019 119е   распродадено
08.06 – 15.06.2019 119е  распродадено
15.06 – 22.06.2019 119 евра 99 евро ПРОМО
22.06 – 29.06.2019 139 евра 111е
29.06 – 06.07.2019 159 евра 125е
06.07 – 13.07.2019 169 евра 135е
13.07 – 20.07.2019 209 евра 189е
20.07 – 27.07.2019 209 евра 199
27.07 – 03.08.2019 209 евра 199
03.08 – 10.08.2019 209 евра 199
10.08 – 17.08.2019 209 евра 199
17.08 – 24.08.2019 209 евра 199
24.08– 31.08.2019 209 евра 199
31.08 – 07.09.2019 139 евра 89е промо
07.09 – 14.09.2019 119 евра 69е  промо
14.09 – 21.09.2019 119 евра 59е промо
21.09 – 28.09.2019 119 евра 49е промо

Цените се изразени по лице за 7 ноќевања
     За цените означени со ПРОМО не се намалува за сопствен превоз 

Доколку сакате да споите термин а термините се означени со ПРОМО, не се одбива за превоз на вториот термин без разлика дали користите превоз 

РОДЕНДЕНСКИТЕ ПОПУСТИ НЕ СЕ КОМБИНИРААТ И НЕ СЕ ОДБИВА ЗА СОПСТВЕН ПРЕВОЗ,Промо термините важат исклучиво со целосна уплата

За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет

Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата

Седиштата се нумерирани и секој патник седи според бројот на уплата

За сопствен превоз се одземаат 15 евра од цената на понудата, а патниците сами го организираат патот со траектот до и од Крф

За оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА Т.А Меридијан


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

7 ноќевања – 8 дена на Дасиа, Крф

Автобуски превоз на релација Скопје – Крф – Скопје

Повратна карта за траект Игуменица – Крф – Игуменица.туристички пратител за време на патувањето и престојот во Дасиа


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

патничко осигурување (без франшиза) (ЗАДОЛЖИТЕЛНО, се прави во агенцијата)факултативните излетикористење на клима (не е задолжително) 5 евра од ден, се плаќа на лице место при пристигнувањето

Доплата за туристичка такса, 3.5 евра од студио или апартман за 7 ноќи ( задолжително ) плаќате кај газдите на вилите


Попусти за деца:

Дете од 0 до 3,99 години не плаќа за сместувањето и спие во кревет со еден од возрасните

Дете од 4 до 11,99 години кое користи сопствен лежај има 50% попуст (се однесува само на еден кревет во студиото)Дете од 4 до 11,99 години кое го дели креветот со возрасен го плаќа само превозот 55 евра

Две деца од 2 до 12 години кои делат кревет имаат попуст од 50%

 

ЕВРОТО СЕ ПРЕСМЕТУВА ПО 62 ДЕНАРИ