Apartman hotel OKEANIS (60)

 

Апартман хотел ОКЕАНИС се наоѓа на околу 150 метри од плажата во Лептокарија. Во нашата понуда имаме двокреветни и трокреветни апартмани распоредени на двата ката кои се комплетно опремени со кујни (електричен шпорет, фрижидер со замрзнување, прибор за јадење), тоалет, пространи балкони, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената.

Особена пријатност е тоа што во апартманите кујната е одделена од самата спална соба. Во склопот на апартман хотелот има и кафе ресторан, рецепција, интернет, лифт и уреден двор.


 

Цените во табелите се изразени за наем на студио или дуплекс апартман за 7 ноќевања;

 Цените се изразени во евра, а плаќањето е исклучиво во денарска противвредност (1 евро = 62 денари);

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител;

Доплата за превоз за возрасни е 20 евра, за деца до 12 години е 10 евра, за оние кои имаат уплатено аранжман;

Само превоз во наведените датуми за возрасни е 30 евра, за деца до 12 години е 20 евра;

Доплата за туристичка такса за 1/2 и 1/3 студио е 0,5 евра по ден (се плаќа во објектот);

Доплата за туристичка такса за 1/4 и 1/6 студио е 1 евро по ден (се плаќа во објектот);


БУС 1 – Автобуски превоз според термини од табелата

05:00 часот тргнување од Куманово (пред ресторан Жмара);
06:00 часот тргнување од Скопје (паркинг спроти Саемот хотел ВИП);
06:45 часот тргнување од Велес (Бензинска пумпа Мак Оил Мотел Македонија);
07:30 часот тргнување од Кавадарци (Автобуска станица);
08:30 часот Граничен премин Богородица


БУС 2 – Автобуски превоз според термини од табелата 

05:30 часот тргнување од Прилеп (Бензинска ЛУКОИЛ), трансфер со минибус до Битола или Кавадарци;
06:30 часот тргнување од Битола (Паркинг Спортска Сала);
07:00 часот граничен премин Меџитлија


Поаѓање од Грција во 14:15 часот по локално време.

НАПОМЕНИ: Собите се преземаат во 13,00 часот на денот на пристигнување, а се напуштаат во 9,00 часот на денот на заминување по локално време;

Задолжително патничко – здравствено осигурување;