VILA JONIO (24)

 

Vila Ionio се наоѓа во централниот дел на Амудија, на 150 метри од широката песочна плажа. Вилата има убаво уреден двор идеален за уживање и релаксација опремен со гарнитури за седење, дел за скара и туш. Скарата е достапна за гостите на вилата, но со обврска да ја исчистат по користењето. Вилата има рецепција, а на неколку минути пешачење се наоѓа ресторанот Poseidon каде гостите можат да уплатат полупансион по цена од 10 евра (појадок и вечера), или само вечера по цена од 6 евра. Супермаркетот се наоѓа веднаш наспроти самиот објект. Во понудата имаме двокреветни и четирикреветни студија на високо приземје. Во двокреветните студија има два единечни кревети со стандардна големина, додека во четирикреветните студија има француски кревет (или 2 стандардни кревети) и кревети на спрат. Сите студија се опремени со чајна кујна наменета за подготовка на полесни оброци (фрижидер, мини електричен шпорет, садови за јадење), купатило, клима уред чие користење се доплаќа по 5 евра од ден, комарници, тенди, фен, TV и WiFi  со слаб сигнал. Студијата се чистат секој ден, а постелнината и крпите се менуваат на четири дена. Вилата е идеална за парови и семејства со мали деца.

 

За резервации и целосни уплати до 31.03.2018 одобруваме 5% попуст


  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз 
  • Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети   
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • При сместувањето влегувате во чисти соби , но за време на престојот сами се грижите за одржувањето на хигиената.По завршувањето на вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманотво пристојна (чиста) состојба.
  • Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апратманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место.
  • Организаторот на патувањето го зарджува правото по пат на LAST MINUTE понуда да ги објави и продаде останатите слободни капацитетеи во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои предходно го уплатиле својот аранжман немаат право на надомест на средства но има разлика во цена.
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари!