• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

BOOKOVO House (53)

                                                                                                    
Bookovo house се наоѓа на плажата во Неи Пори, над истоимениот ресторан за брза храна, во близина на куќата Tsambika. Објектот располага со триплекс апартмани, кои покрај издвоената кујна имаат и три спални соби. Од секоја просторија се излегува на пространата тераса, од која има убав, страничен поглед кон морето. Сите сместувачки единици имаат основно опремена кујна, реновирано купатило, тераса, ТВ, бежичен интернет и 2 клима уреди, чие користење се доплаќа. Постелнината се менува еднаш за време на престојот.
                                                                                                
15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА И КОМПЛЕТНА УПЛАТА ВО ГОТОВО ДО 01.02.2019
10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА И КОМПЛЕТНА УПЛАТА ВО ГОТОВО ДО 01.03.2019
5% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА И КОМПЛЕТНА УПЛАТА ВО ГОТОВО ДО 01.05.2019
                                                                                                 
 плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 ден

 Влез во собите е во 16 ч а напуштање во 9 ч
 за хигиената на собите за време на престојот се грижите сами и потребно е истите да ги оставите во чиста состојба (испразнет и исклучен фрижидер на 0, фрлено ѓубре, измиени садови...)
 дозволено е дете до 6 год да го дели креветот со родителите или 2 деца до 10 год да делат еден кревет
 било какви промени за веќе потврдена резервација се наплаќаат 15 еур
 По пристигнувањето потребно е да се јавите на претставникот за да Ве упати како да ја најдете куќата и да Ве регистрира. Доколку не можете сами да ја најдете, претставникот ќе Ве смести најбргу што може
TАКСАТА ЗА ПРЕСТОЈ ВО ВИСИСНА ОД 0,5 ЕУР НА ДЕН ПО СМЕСТУВАЧКА ЕДИНИЦА (СТУДИО/АПАРТМАН/ДУПЛЕКС) ЗА ОВОЈ ОБЈЕКТ СЕ ПЛАЌА ВО АГЕНЦИЈА, ПРИ РЕЗЕРВИРАЊЕ, И ИСТАТА НЕ ПОДЛЕЖИ НА ПОПУСТ!