VILLA ELENI (1)

 

Villa Eleni е всушност пансион со соби, лоциран на главната улица и шеталиште во местото Нидри на Лефкада. Близината до сите потребни содржни, овозможува сместување во објект кој ќе ви овозможи активен одмор во најпосетеното туристичко место на Лефкада. Собите во вилата се чисти и уредни, двокреветни и трокреветни, сите опремени со соодветен мебел, twc, клима уред со доплата, ТВ и фрижидер, кој сепак овозможува користење на уреди за остава на храна. Близината до мноштвото фаст-фуд ресторани и продавници за храна, како и можната претплата на исхрана го издвојуваат овој објект како навистина одличен за престој на островото.

 

ЛЕФКАДА - ВИЛА ЕЛЕНИ

(наем на соби, 7 или 9 ноќевања)

 

ЛЕФКАДА наем ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ СЕПТЕМВРИ
соби/студио/апартмани термин 17 24 1 10 19 28 6 15 24 2 9
(7 или 9 ноќевања) ноќевања 7 7 9 9 9 9 9 9 9 7 7
ELENI Pansion "B" (tv, ac*) Соба RO 1/2 (2 лица) 163 179 253 279 306 337 337 337 306 199 159
Нидри Соба RO 1/3 (3 лица) 173 190 268 295 324 357 357 357 324 210 168

 

- Цените се однесуваат на наем на соби, за 7 или 9 ноќевања (без превоз).
- Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD).

 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

Доплата за превоз (за корисници на аранжмани): возрасни 55 €; за деца од 2 до 12 год. 40 €
- Во соба дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител (по одобрение на домаќинот).
- За употреба на клима уред (ac*) се доплатува во објектот (каде што е достапен)
- Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата)
- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
- Задолжително патничко осигурување (за лица од 65 год.)

 

ПРОГРАМА НА АРАНЖМАНОТ:
 

01.ден  КИЧЕВО - ЛЕФКАДА
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 00:10 часот. Поаѓање за Грција во 00:30 ч. Ноќно возење со попатни одмори. По пристигнување во Лефкас - главниот град на островото, патувањето продолжува кон познатите туристички места Агиос Никитас и Нидри. Сместување според изборот на местото и објектите за престој. Слободно попладне за одмор. Ноќевање.

од 02.ден до 07. или 09.ден     ЛЕФКАДА (Агиос Никитас или Нидри) 
Денови за одмор и идивидуални активности. Престој во местото и објектот по избор од програмата, студија и апартмани на база ноќевање. Комуникација со локалните претставници на агенцијата за евентуални факултативни излети и посети. Ноќевање.

08. или 10.ден   ЛЕФКАДА - КИЧЕВО
Напуштање на собите до 09:00 часот. Во попладневните часови, заминување за Македонија. Дневно и ноќно возење со попатни одмори. Пристигнување во Скопје, во доцните вечерни часови.


* Превоз со конекција од градови обележани со "*" поаѓањето е ден порано од терминот на автобус.