• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

VILA TALASSINOS 10 nokji (17)

 

Касандра ги има пространите песочни плажи со кристално бистро, чисто и топло море, живописните летувалишта, традиционалните села и богатиот ноќен живот. Близината на Солун му даваат предност пред многу други места за одмор. На самиот влез во Касандра, на само 45 километри од Солун се наоѓа малото туристичко место

Неа Плагиа. Има плитка и песочна четири километри долга плажа покрај која се протега убаво уредено шеталиште со многу таверни, слаткарници, кафетерии, маркети...Гратчето е споено со Неа Флогита и изобилува со забавни игри за децата што се лоцирани покрај самата плажа. Целото туристичко место станува атрактивно особено во вечерните часови кога шеталиштето започнува да се полни со најразновидни тезги на отворено каде туристите можат да пазаруваат по пристапни цени. Топлото море, одлично уредената плажа каде можете да изнајмите лежалки и чадори за сонце, како и неколкуте паркови во кои  доминираат дрвореди палми ја издвојуваат Неа Плагиа како одлично место за летување на семејства со деца на помала возраст.

 

Вилата Talassinos се наоѓа во централниот дел на Неа Плагиа, лоцирана на само неколку метри од убаво уредената плажа. Од морето ја дели парк преполн со зеленило. Во нашата понуда имаме трокреветни и четирикреветни  апартмани на прв спрат кои имаат тераси заштитетни со чадори кои имаат поглед кон морето. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрично решо со две рингли,аспиратор, мал фрижидер, основни садови за готвење и јадење),телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Студијата и апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Возилата можете да ги паркирате во непосредна близина на вилата .

 

Напомена:

Сместувачките капацитети немаат пространа површина и заради ограничниот простор во собите не се препорачува да се сместуваат повеќе лица од веќе предвидените кревети за спиење. 

 

-20% попуст за целосна уплата до 01.12.2018

 


 

- Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)

 

Апартман бр.1

Трокреветен апартман на прв спрат со две простории одделени со врата меѓу себе. На влезот во првата просторија се наоѓаат елементите од кујната во која има мини шпорет со рерна, основни садови за готвење и јадење и голем фрижидер со одделна комора. Во овој простор се наоѓа и купатилото кое е опремено со туш кабина. Во втората соба има три единечни кревети со нормални димензии, мебел, трепезариска маса, телевизор и клима уред. Од оваа соба се излегува на тераса со поглед кон морето, опремена со пластична маса, столчиња и чадор за сонце.

 

Апартман бр.2

Трокреветен апартман на прв спрат со две простории одделени со врата меѓу себе. На влезот во првата просторија се наоѓаат елементите од кујната во која има мини шпорет со рерна, основни садови за готвење и јадење и голем фрижидер со одделна комора. Во овој простор се наоѓа и купатилото кое е опремено со туш кабина. Во втората соба има три единечни кревети со нормални димензии, мебел, трепезариска маса, телевизор и клима уред. Од оваа соба се излегува на тераса со поглед кон морето, опремена со пластична маса, столчиња и чадор за сонце. 

 

Апартман бр.3

Четирикреветен апартман на прв спрат со две соби одделени со врата меѓу себе. Во првата просторија има два единечни кревети со мебел и тука се наоѓаат елементите од кујната во која има мини шпорет со рерна, основни садови за готвење и јадење и голем фрижидер со одделна комора. Собата има прозорец. Во овој простор се наоѓа и купатилото кое е опремено со туш кабина. Во другата спална соба која е одделена со врата има два единечни нормални кревети, мебел, телевизор и клима уред. Од оваа соба се излегува на тераса со поглед кон морето, опремена со пластична маса, столчиња и чадор за сонце. 

 

Студио бр.4

Четирикреветно студио на прв спрат кое има само една просторија во која се наоѓаат четири единечни кревети со нормална димензија, гардеробер, телевизор и клима уред. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (мини шпорет со рерна, голем фрижидер со одделна комора, основни садови за готвење и јадење), како и трепезариска маса. Од оваа соба се излегува на тераса со поглед кон морето, опремена со пластична маса, столчиња и чадор за сонце. 

 

Апартман бр.5

Четирикреветен апартман на прв спрат со две соби одделени со врата меѓу себе. Во првата соба има два единечни кревети со мебел и тука се наоѓаат елементите од кујната во која има мини шпорет со рерна, основни садови за готвење и јадење и голем фрижидер со одделна комора. Собата има прозорец со ролетна која има поглед на улица. Во овој простор се наоѓа и купатилото кое е опремено со туш кабина. Во другата соба која е одделена со врата има два единечни нормални кревети, мебел, трепезариска маса, телевизор и клима уред. Од оваа соба се излегува на тераса со поглед кон морето, опремена со пластична маса, столчиња и чадор за сонце. 

 

Напомени и услови:

Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 или 7 ноќевања без вклучен превоз 

Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети   

Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време

При сместувањето влегувате во чисти соби , но за време на престојот сами се грижите за одржувањето на хигиената.По завршувањето на вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманотво пристојна (чиста) состојба.

Користењето на клима уредоте вклучено во цената.

Сопственикот на вилата има право да реагира и да ја ускрати оваа услугадоколку го оставате апаратот да работи во времето додека сте на плажа или надвор од апартманот.

Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апратманот ја надоместува штетата на сопственикотна вилата на лице место.

Организаторот на патувањето го зарджува правото по пат на LAST MINUTE понуда да ги објави и продаде останатите слободни капацитетеи во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои предходно го уплатиле својот аранжман немаат право на надомест на средства но има разлика во цена.

Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!

Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Плагиа

Цена на повратен билет – 35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра