VILA PEPI sopstven prevoz, 9 nokji (9)

Полихроно Грција – се наоѓа на првиот крак од Халкидики-Касандра, на 98 километри југоисточно од Солун. Градот е опкружен со бујна медитеранска вегетација сместен на една од најубавите песочни плажи на Халкидики и претставува пријатно место за одмор со деца. Улицата покрај брегот е преполна со ресторани, таверни, кафе барови, голем број продавници, супермаркети, пекари и рентакар агенции.

Вилата Пепи се наоѓа на околу 350 метри од плажата во Полихроно и 150 метри од центарот. Поседува двокреветни и трокреветни студија и четворокреветни апартмани, кујнски дел, тераса, ТВ, купатило, клима (се доплаќа). Во четворокреветните апартмани има брачен кревет или два единечни кревети, плус еден или два каучи/софа. Постелнината се менува на половина смена. За време на престојот, гостите сами ја одржуваат хигиената.

ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА ЗА НАЕМ НА СТУДИО/АПАРТМАН, БЕЗ ПРЕВОЗ

 

Вила Pepi11.06.
20.06.
20.06.
29.06.
29.06.
08.07.
08.07.
17.07.
17.07.
26.07.
26.07.
04.08.
04.08.
13.08.
13.08.
22.08.
22.08.
31.08.
31.08.
09.09.
09.09.
18.09.
ноќевања 9 9 9 9 9 9 9 9 9 9 9
Студио 02 наем 220 245 280 330 370 395 395 395 380 290 270
Студио 03 наем 240 270 295 350 390 420 420 420 400 310 290
Апартман 04 наем (2+2) 260 290 310 370 410 450 450 450 420 330 310

 

  • Климата се доплаќа 5 евра на ден по студио/ апартман
ТУРИСТИЧКА ТАКСА Од 01.01.2018 година Министерството за туризам на Р.Грција има воведено туристичка такса за сите гости кои престојуваат во оваа држава, и истата се наплатува на лице место кај сопствениците на приватното сместување или на рецепција кај хотелското сместување.
НАПОМЕНА - Во студијата и апартманите се влегува првиот ден по 14.00 часот а се напуштаат последниот ден до 09.00 часот;
- Додатните односно помошните кревети во Грција се секогаш на расклопување и со помала димензија од стандардните;
- Бројот на лица кои се сместуваат во студијата/апартманите треба да биде соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето;
- Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

ПЛАЌАЊЕ И УСЛОВИ Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 61.8 денари.