HOTEL TIA MARIA 3*(2)

 

СОНЧЕВ БРЕГ
Сончев Брег е најголемиот и најпознатиот ресорт во Бугарија. Лоциран е на јужниот црноморски брег, околу 35 км од Бургас и 90 км од Варна. Климата е медитеранска со голем број сончеви денови од Мај до Октомври. Просечната температура на воздухот во летните месеци изнесува 30 С. Песочната плажа во должина од 9 км и ширина до 50 м ги задоволува високите еколошки стандарди и е наградена со “сино знаме” (Blue Flag). 

Хотел “Tia Maria”
Хотел Тиа Мариа се наоѓа на 3 мин од прекрасната градска плажа на Сончев Брег, а на само 2 мин од центарот. Располага со двокреветни студија, опремени со клима, интернет, тераса со сет за седење, купатило со туш кабина и фен. Хотелот располага со главен ресторан, а-ла карте ресторан, бар на базен, лоби бар и уште неколку барови во комплексот,надворешен базен, детски базен, фитнес, салон за убавина, масажи, сала за конференција, паркинг. 


Специјална Понуда за уплата до 31.05.2017


 

✔ Цените се дадени по лице во евра, плаќањето е во денари (1 еур=61.8 мкд.) 

✔ Цените се дадени по лице за 7 и 9 ноќевања со вклучен автобуски превоз. 

✔ За пакет аранжман од 9 ноќи со сопствен превоз се одбива 30 еур од вкупната цена по лице. 

 

 Доплати:

 Полупансион – Возрасен 8€/ дете 2-11,99 години 5€ по лице на ден 

✔ Се Вклучено – Возрасен 15€/ дете 2-11,99 години 9€ по лице на ден 

 

 Попусти: 

✔ 3- то лице -20% попуст од редовната цена на ноќевање со појадок; 

✔ Дете од 2-11,99 години БЕСПЛАТНО на ноќевање со појадок;

✔ Задолжително здравствено и патничко осигурување 240 мкд (за лица до 65 год) за пакет аранжман од 7 ноќевања, и 310 мкд (за лица до 65 години) за пакет од 9 ноќевања

✔ Цена за превоз за дете од 2-11.99 год.- 30 еур/1.854 мкд

✔ Цена за превоз за возрасен 45 еур/2.781 мкд

 

НАПОМЕНА
✔ Користењето на собите започнува првиот ден од 14:00 по локално време, а се напуштаат во 09:00 по локално време последниот ден! 
✔ За хигиената во собите за време на престојот се грижат самите гости! 
✔ Поаѓање од Скопје од Автобуска Станица во 21:00ч ден претходно од наведените термини во табелите. 
✔ Враќање последниот ден во вечерните часови!

BAЖНА НАПОМЕНА
✔ Плаќањето е задолжително во денари.
✔ За ова патување потребен е валиден биометриски пасош (минимум важност 90 дена од денот на враќање во државата) , не се потребни посебни вакцини. 
✔ За резервација задолжително уплата аванс 30% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување. 

✔ За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А.Меридијан, побарајте ги во агенцијата.