• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ВИЕНА (23)

 

1 ден  06.12.2019  Виена

Состанок со групата  во 15.00 ч. и поаѓање за Виена во 15:30ч. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.


ден 07.12.2019 шопинг центар Parndorf - Виена

Во претпладневните часови се упатуваме кон еден од најголемите аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Слободно време за шопинг... По пристигнување во Виена  почнуваме со панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург... Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Вечерта, трансфер до центар и слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.


3 ден  08.12.2019 Шенбрун

Појадок. После појадокот трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Вечерта можност за посета на традиционален австриски ресторан Грицлинг или посета на некоја од локалните пивници (индивидуално). Ноќевање.


4 ден  09.12.2019 Виена

Појадок. После појадокот напуштање на хотелот иможност за факултативна посета на Дунавската Кула (со 252м. претставува највисоката градба во Австрија од каде се пружа прекрасен поглед од 360о на градот). Се враќаме во центарот на Виена... слободно време за индивидуални прошетки и активности. Во попладневните часови, поаѓање со попатни паузи за одмор и царински формалности.


5 ден 10.12.2019 

Пристигнување во предпладневните часови.

 

ЦЕНА ЗА УПЛАТА:  139 € 8.620 ден

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

Превоз со високотуристички автобус 
Сместување во хотел со 3* во Виена (околина) на база на 2 НП (нокевање/појадок) 
Посета на шопинг центар Парндорф 
Професионален туристички придружник 
Организација и реализација на програмата

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  Разглед на Виена со локален водич - 10€ 
Влезница за дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 35€ 
Факултативна посета на  традиционален австриски ресторан Грицлинг – 30€ - мин. 30 лица за реализација  Дунавска Кула (превоз + влезница) – 20€ 
Патничко осигурување –
Доплата за еднокреветна соба – 2.100 ден