• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

МИЛАНО (ВЕРОНА-ВЕНЕЦИЈА) (65)

 

1 ден ПЕТОК (06.09.2019) – СКОПЈЕ – ВЕРОНА
Состанок на групата на Дрводекор во 16:30 часот. Поаѓање 
Италија во 17:00 часот. Патуваме преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи.


2 ден САБОТА (07.09.2019) – ВЕРОНА - МИЛАНО 
Пристигнување во Верона во утринските часови – градот на Ромео и Јулија.Разгледот започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена,потоа следи прошетка по познатата улица Via Giuseppe Mazzini каде може да ги видите најголемите брендови од модната индустрија .која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија. По разгледот на градот групата се упатува кон Милано еден од најголемите градови во Италија,лоциран во рамнината Ломбардија во близина на реката По, град кој што е едн од најразвиените урбани центри во Европа.Сместување во хотел. Ноќевање.


3 ден НЕДЕЛА (08.09.2019)  –  МИЛАНО
Појадок.По појадокот следува разглед на градот со локален водич:тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo,централниот плоштад каде се наоѓа најголемата готска катедрала во светот,потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle,најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миланската опера,една од најпознатите оперски куќи во светот.Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки низ градот кој е бисер на северниот дел на Италија. Во попладневните часови враќање во хотел.Ноќевање.


4 ден ПОНЕДЕЛНИК (09.09.2019) МИЛАНО – ВЕНЕЦИЈА– СКОПЈЕ
Појадок.По појадокот се упатуваме кон Венеција најуникатниот град во светот, заштитен од УНЕСКО, вечна инспирација на најголемите романтичари. Родниот град на Антонио Вивалди,Марко Поло, Казанова...
Познат како “Огледало на душата“, “Кралица на Јадранот“, “Градот на вода“, “Градот на мостовите и каналите“ со векови е еден од најчудесните градови што некогаш човекот ги создал...
По пристигнување на пристаништето “Пунта Сабиони” организиран превоз со брод“вапорето” до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко,Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде…Слободно време за индивидуални прошетки.
Во договорено време враќање со брод до Пунта Сабиони. Попатно посета на еден од најголемите шопинг центри во Италија  – Palmanova Outlet Village.Поаѓање за Скопје, преку Словенија, Хрватска, Србија.

Пристигнување во Скопје во пладневните часови.


ПРОМО ЦЕНА:99 евра до 31.08.2019

 Во цената на аранжманот е вклучено:
*Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
*2 ноќевања со појадок во хотел 4* во Милано 
  линк  http://www.hotelregalmilan.com/?fbclid=IwAR2Z2ZRjBMmOhfc5Z49Axnu4MBixEm82VPqjE5l4BmjyPWy57pmfXhJ_U5c
*Организиран разглед на Венеција
*Посета на Palmanova Outlet Village
*Организација на аранжманот и лиценциран туристички придружник од  Т.А Идеал Травел во текот на целото патување.


*Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Кавадарци(црна река),Велес и Куманово.

 

 Во цената на аранжманот не е вклучено:
*Превоз со брод од Пунта Сабиони до Венеција (20 €)
*Факултативна посета на Верона  (20€)
*Разглед на Милано со локален водич (20€)
*Патничко осигурување