• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ТОРОНИ - HOTEL FLORA (18)

 

Торони се наоѓа во југоисточниот дел од вториот крак на полуостровот Ситонија.Долгата песочна плажа и тиркизната боја на егејот заокружени со боровата шума го прават ова место вистински рај.Убава пешачка патека покрај плажа,многу детски занимливости,ресторани,маркети ,а пред се и највкусната и свежа риба се служи во Торони.Идеално место за одмор за секоја возраст.

 Фамилијарен Хотел Флора е лоциран на само неколку чекори до плажа.Убаво опремени 1/3 студија во кој има еден дупол кревет и еден поединечен кревет, со комплетно опремена кујна со кујнски инвентар,мал фрижидер,решо,респиратор,Тв,клима уред,купатило со вц, и балкони со поглед на море и 1/4 апартмани со еден дупол кревет во кујната и два поединечни кревети во спалната соба и балкон со поглед на море. Има паркинг простор за гостите од вилата.

КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ, WI-FI и ПАРКИНГ  – БЕСПЛАТНО


 

ЦЕНИТЕ ЗА ТЕРМИНИТЕ (19.05; 26.05; 02.06; 09.06; 16.06; 01.09; 08.09 и 15.09) ОЗНАЧЕНИ СО ЗВЕЗДИЧКА * ВО ТАБЕЛАТА СЕ  ПАКЕТ АРАНЖМАНИ И СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА:
7  ПОЛУПАНСИОНИ –ДОРУЧЕК  И ВЕЧЕРА И АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ 
– за патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице

ТРЕТО И ЧЕТВРТО ЛИЦЕ – БЕСПЛАТНО плаќа само превоз доколу користи

 

Доручекот и вечерата се дело на грчката кујна,приготвено од  кувари со долгогодишно искуство.
Доручекот е составен од повеќе врсти на млечни производи,сувомеснати производи,јајца,тестенини домашно приготвени,банички,лиснато,мед,џем,путер,млеко,кафе,чај.
Вечерата е многу богата со салати,зелени,занзики,мелиџано,хтипити,фета,тиквички многу вкусни сосови,голем избор од скара(гиро,сувлаки,полнета плескавица,кременадла,колбас) риба,традиционални готвени јадења,пасти,пици и десерт избор од баклава,кадаиф,сладолед или овошје.

Доручек од 09:00  – 10:30 часот
Вечера од 20:00 – 23:00 часот

 

ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:

35 € за возрасни – повратна карта;

25€ за деца до 12 години – повратна карта;

Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште

 

 

Студио бр.12

 

СТУДИО БР.12 (1/3) 3 ЛИЦА

Студиото се наоѓа на први кат.
Располага со еден дупол кревет(француски) и еден поединечен кревет, кујна опремена со кујнски инвентар,фрижидер,решо со две рингли, респиратор, плакар за алишта. Во собата има ТВ и клима уред.Има сопствено купатило и WC.Студиото излегува на тераса со маса и столици и има поглед  на море.

 

 

Апартман бр.4

 

АПАРТМАН Б4 (1/2) +(1/2) 4 ЛИЦА

Апартманот се наоѓа на први кат.
Располага со една спална и посебна кујна.Во спалната соба има два поединечни кревети-комотни,плакар за алишта,тв,клима уред и излегува на тераса, во кујната има еден дупол кревет ,плакар за алишта,тв,клима уред.Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар,фрижидер ,респиратор.решо со две рингли. и од овде се излегува на тераса со страничен поглед на море.Апартманот има сопствено купатило и WC.

 

НАПОМЕНИ:

ПРЕВОЗОТ ЗАСТАНУВА ДО НАЈБЛИСКАТА ЛОКАЦИЈА  ОД СМЕСТУВАЧКИОТ КАПАЦИТЕТ КАДЕ Е ВОЗМОЖНО ДА ЗАСТАНЕ;

ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ВО ЕВРА, А УПЛАТАТА Е ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ (1€=62 ден.);

ЗА УПЛАТИ НА ДВА АРАНЖМАНИ 7+7 НОЌЕВАЊА ОДОБРУВАМЕ 10% ПОПУСТ НА ВТОРАТА СМЕНА;

КОГА ИМА АКЦИСКИ ПОПУСТ НА ВТОРАТА СМЕНА НЕ СЕ ОДОБРУВА ДОПОЛНИТЕЛЕН ПОПУСТ;

ПОПУСТИТЕ НE ВАЖАТ ЗА СМЕНИТЕ ОЗНАЧЕНИ СО ЗВЕЗДИЧКА * ;

ЗА ВАЖЕЧКА РЕЗЕРВАЦИЈА СЕ СМЕТА  САМО СО УПЛАТА НА 30% ОД ЦЕЛОСНАТА ВРЕДНОСТ НА АРАНЖМАНОТ;

ЦЕЛОСНА ДОПЛАТА НА АРАНЖМАНОТ Е СЕДУМ ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ;

ВО СЛУЧАЈ НА ВЕЌЕ УПЛАТЕНИ АРАНЖМАНИ СО ПОПУСТИ И РАНИ ЗАПИШУВАЊА, СРЕДСТВАТА НЕ СЕ ВРАЌААТ;

ВО СЛУЧАЈ НА НАПРАВЕНА ПОГОЛЕМА ШТЕТА ВО СТУДИЈАТА , СОПСТВЕНИКОТ НА ВИЛАТА МОЖЕ ДА НАПЛАТИ НА ЛИЦЕ МЕСТО ЗА НАПРАВЕНАТА ШТЕТА;

АГЕНЦИЈАТА НЕМА ОДГОВОРНОСТ ЗА КВАЛИТЕТОТ И БРЗИНАТА НА ИНТЕРНЕТ КОНЕКЦИЈАТА;

ТУРИСТИЧКА ТАКСА СЕ ПЛАЌА ВО АГЕНЦИЈА 0,5 € ОД НОЌ ОД СОБА;

СТУДИЈАТА И АПАРТМАНИТЕ ИМААТ ПЕШКИРИ,САПУН И ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА.

 

ДЕНОВИТЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ДЕНОВИ НА ТРГНУВАЊЕ ОД
Град Место на тргнување Време
Кичево пред Гимназија 00:30 часот наутро
Гостивар пред дом на културата 01:30 часот наутро
Тетово наспроти дом на културата(стара лименка) 02:00 часот наутро
Куманово Бензинска пумпа Макпетрол 02:15 часот наутро
Скопје Спроти Холидеј Ин 03:30 часот наутро
Велес Мотел Македонија 04:0часот наутро
Прилеп Бензинска Лук Оил на влезот 03:45 часот наутро
Неготино Бензинска пумпа Макпетрол 04:3часот наутро
Удово Бензинска пумпа Макпетрол 05:0часот наутро
Гевгелија Бензинска пумпа Окта-Шимов 05:3часот наутро
Штип Нова Пошта 03:3часот наутро